Свет
Во Саудиска Арабија судат жена позната како „Госпоѓа Ал Каеда“
Првиот во историјата на Саудиска Арабија процес против жена обвинета за терористичка активност во понеделникот почна во градот Џеда, во југо-западниот дел од земјата, пренесува порталот „Ан-Нил“
Како што изјавил претставник на обвинителството, државјанката на кралството Саудиска Арабија, попозната по прекарот „Госпоѓа Ал Каеда“, е обвинета за „регрутирање млади луѓе во терористичките организации и пружање засолниште на лица барани од страна на полицијата, повикување на бунт, како и за нелегално поседување оружје“.Пред една година, саудиските власти објавија дека откриле заговор што го подготвувале поддржувачи на терористичката организација Ал Каеда, кога беа уапсени 116 активни членови, вклучувајќи и една жена. За самата „Госпоѓа Ал Каеда“ постојат многу штури информации: дека тоа била многу почитуван член на ќелијата на глобалната терористичка организација позната како Ал Каеда во Арабискиот полуостров и дека била уапсена во градот Ал-Касим, во близина на главниот град Ријад. За нејзиниот приватен живот уште помалку е познато: првата терористка којашто е изведена пред лицето на правдата во Саудиска Арабија, била двапати мажена – првиот сопруг, исто така, член на Ал Каеда бил убиен за време на полициската операција пред неколку години, а вториот е во моментов под истрага под обвинение за „помагање и поттикнување на терористите“. Адвокатите на обвинетата на првото рочиште пред судот побарале да бидат отстранат од судницата сите лица кои не се поврзани со случајот, вклучувајќи ги и медиумите, бидејќи „исклучителноста и особеноста на делото, по кое е обвинетиот е жена“. Барањето било прифатено од судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

