Контакт

Свет

Во Египет забранета Ал-Џезира откако јави за над 150 мртви

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Најмалку 150 лица загинаа во немирите во поголемите градови во Египет, а околу четири илјади луѓе се повредени, соопшти во неделата катарската телевизиска мрежа Al Jеzeera. Претходно оваа телевизија јави дека бројката на загинати во безредијата изнесува стотина, а најголем број од нив се во главниот град Каиро, потоа во Александрија и во Суец. Египетските власти денеска го забранија целосното емитување на програмата на Ал-Џезира, која има голема мрежа од дописници во целата земја. Како што соопшти египетската државна телевизија, исто така, поништени се и акредитациите на новинарите и снимателите на катарската телевизија, а затворен е и пристапот за сателитиските врски. Телевизијата во последните неколку дена постојано пренесуваше снимки во живо од улиците на Каиро и од другите египетски градови, емитуваше изјави од лидерите на опозицијата и учесници на демонстрациите, давајќи ексклузивни информации во врска со безредијата, грабежите и бројката жртви којашто постојано се зголемува. Египѓаните главно ги дознаваа информациите токму преку Ал-Џезира. Протестите со барањата за економски и политички реформи и оставка на претседателот Хосни Мубарак кој владее веќе 30 години, почнаа во Египет на 25-ти јануари, а во петокот достигнаа кулминација. Демонстрантите се судрија со полицијата низ целата земја во која е воведен полициски час, а во поголемите градови на улиците беше изведена војската. Како што јавуваат странските агенции од Египет, на улиците од градовите веќе нема патроли ниту припадници на полицијата кои при нормални состојби ја одржуваа јавната безбедност. Тоа доведе до незабележана во поновата египетска историја експлозија на криминалитетот. Се ограбуваат големите продавници, уништени и запалени се поголем дел од полициските станици од кои е украдено оружје, а од затворите бегаат илјадници криминалци./крај/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментов нема да дадат плод

Објавено пред

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар и дека ништо нема да го обесхрабри да го стори тоа, неколку часа откако Израел ги нападна лидерите на Хамас во Доха.

dobivaj vesti na viber

Улогата на Катар во медијацијата
Доха, заедно со Каиро и Вашингтон, беше клучен медијатор меѓу Израел и Хамас за време на војната во Газа.

„Катар нема да престане да се обидува и ќе направи сè што може за да ја запре војната во Газа, но не мислам дека преговорите ќе дадат плод во моментов, по она што го видовме во денешниот напад“, изјави ал-Тани на прес-конференција.

Тој го обвини Израел за саботирање на она што го нарече можност за мир, остро критикувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого рече дека извршил „државен тероризам“.

Одговор на Израел
Нетанјаху рече дека нападот бил „целосно оправдан“ и дека наредбата за него е дадена по нападот во Ерусалим и загубата на четворица израелски војници во Газа. Ал-Тани рече дека американските претставници го предупредиле Катар за нападот 10 минути по неговиот почеток и го опишале нападот како „стопроцентно предавство“.

„Катар го задржува правото да одговори на овој дрзок напад и ќе преземе сите потребни мерки за да одговори“, додаде тој, велејќи дека е составен правен тим за да се справи со одговорот на земјата на нападот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Објавено пред

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната команда на вооружените сили.

dobivaj vesti na viber

Некои од авионите што влегоа во Полска беа соборени, а во тек е обемна потрага по нивните остатоци.

Оперативната команда соопшти дека ова е невиден настан што претставува директна закана за безбедноста на граѓаните.

„Како резултат на денешниот напад на Руската Федерација на територијата на Украина, дојде до невидено кршење на полскиот воздушен простор од страна на објекти од типот дронови. Ова е акт на агресија што создаде реална закана за безбедноста на нашите граѓани“, се вели во официјалното соопштение.

Веднаш по откривањето, беа започнати одбранбени процедури.

„По наредба на оперативниот командант на вооружените сили, веднаш беа започнати одбранбени процедури. Полските и сојузничките сили следеа околу десет објекти со радар, а оперативниот командант на вооружените сили донесе одлука да ги неутрализира оние што би можеле да претставуваат закана. Некои од беспилотните летала што влегоа во нашиот воздушен простор беа соборени“, објави војската.

Потрагата е во тек, силите се во готовност
На терен моментално се спроведува пребарување и лоцирање на можни места на пад на соборените летала.

„Оперативната команда на вооружените сили ја следи моменталната ситуација, а полските и сојузничките сили и средства остануваат во целосна готовност за понатамошни дејствија“, се додава во соопштението.

Властите се известени, аеродромите се привремено затворени
За инцидентот се информирани и највисоките државни функционери.

„Над Полска, во тек е операција за неутрализирање на објекти што ја нарушиле и ја преминале границата на Република Полска. Информирани се државните власти, имено претседателот на Република Полска и премиерот на Република Полска. Сите служби се во акција“, рече заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик. Поради вонредната состојба, аеродромите во Жешов, Лублин и Варшава беа исто така привремено затворени.

Томчик, исто така, апелираше до јавноста: „Со оглед на информациите што се појавуваат, ве молиме проследувајте само информации што доаѓаат од воените и државните служби. Премиерот Доналд Туск е на местото на настанот. Добивме изјава од оперативниот командант, генерал Клиш, кој е директно вклучен во заштитата на полскиот воздушен простор“.

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот претседател: Безбедноста на нашата татковина е највисок приоритет

Објавено пред

Полскиот претседател Карол Навроцки објави дека „наскоро“ ќе претседава со итен состанок на Канцеларијата за национална безбедност, на кој ќе присуствува премиерот Туск.

dobivaj vesti na viber

Тој потврди дека е во контакт со сите клучни министри и воени лидери.

„Безбедноста на нашата татковина е највисок приоритет и бара тесна соработка“, напиша Навроцки на Икс.

Се очекува полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш да ја скрати посетата на Лондон, каде што требаше да присуствува на состанок на министрите за одбрана од групата Е5 од пет земји – Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментов нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа11 минути

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа37 минути

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На Флајтрадар можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 час

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа1 час

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија11 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија14 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија18 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија18 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ21 час

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ21 час

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија21 час

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ21 час

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија22 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија22 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион1 ден

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет1 ден

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет1 ден

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...