Спорт
Презентиран проектот „Тренери без граници“

Скопје, 06.03.2012 (Макфакс) – Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заеднички го претставија проектот „Тренери без граници“ кој овозможува талентирани и еминентни македонски тренери да се усовршуваат во големи европски клубови.
Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заеднички го претставија проектот „Тренери без граници“ кој овозможува талентирани и еминентни македонски тренери да се усовршуваат во големи европски клубови. Можност први да заминат, на професионално усовршување, ќе имаат Жикица Тасевски и Тони Јакимовски, кои ќе престојуваат во кампот на Интер во Милано. „АМС со цел подобрување на спортските резултати пред се на македонската сениорска репрезентација, но и во насока на развивање на младинските категории, со ФФМ договори акционен план за разработување на 14 проекти. Реализацијата на првиот проект се случи пред три месеци кога беше укината царината за спортските реквизити добиени како донација од странство, а наменети за спортските федерации. Вториот проект е суштински и тој се однесува на развојот и усовршувањето на младинските категории, а тоа е формирањето на „Спортската Академија“. Третиот проект е денешниот „Тренери без граници“ кој ќе им овозможи на македонските тренери да можат да отидат во некој реномиран странски клуб и на самото место да се запознаат со работата на тренерите на големите европски клубови“, рече директорот на АМС, Лазе Поповски. „Овој проект очекуваме, заедно со изградбата на тренинг центарот, формирањето на фудбалска Академија, законските ослободувања како и трансформацијата на клубовите да придонесат за значително подигање на квалитетот на македонскиот фудбал. Таленти има. Со добри и едуцирани тренери со подобра инфраструктура, очекуваме и подобри резултати“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер.Голем бенефит од усовршувањето во Интер и тренерите кои први ќе учествуваат на ваков семинар, Тасевски и Јакимовски. „Можноста да се види како се работи во еден врвен клуб е драгоцена. Треба да се согледаат организацијата, условите, методологијата на работа и да се донесат новитети во македонскиот фудбал со цел подобрување на репрезентативните и клупските резултати“, рече Јакимовски. Јакимовски и Тасевски ќе имаат можност да го следат и натпреварот Интер-Марсеј во Лигата на шампионите. По Јакимовски и Тасевски кои ќе заминат во Милано, во холандскиот Херенвен ќе заминат Висар Ганиу и Љубодраг Милошевиќ. крај/мф.ffm.com.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Скандал во Премиер лигата – Томас Парти обвинет за пет случаи на силување

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, официјално е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад врз три различни жени.
Обвиненијата се однесуваат на настани што се случиле помеѓу 2021 и 2022 година, пишува „Дејли меил“.
Репрезентативецот на Гана, чиј договор со Арсенал истече на 1 јули 2025 година, официјално ќе се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер на 5 август.
Ова сигурно ќе му го отежни наоѓањето нов клуб, ако воопшто продолжи да игра фудбал, по силните обвинувања што се упатуваат против него.
Истрагата започна во февруари 2022 година, кога една од жртвите ја започна „лавината“.
Подоцна ѝ се придружија уште две жени, кои презентираа докази врз основа на кои Обвинителството официјално покрена обвинение против Парти.
„Разбираме дека оваа вест ќе предизвика силни реакции. Наш приоритет останува да ги поддржиме жените кои имаа храброст да се јават“, рече инспекторот Енди Ферфи.
Парти играше за Арсенал во последните четири години, имајќи 130 настапи и постигнувајќи девет гола. Претходно поголемиот дел од својата кариера го помина во Атлетико Мадрид.
Фото/EPA-EFE/VINCE MIGNOTT
Спорт
Крсте Велкоски се врати во Сараево

Фудбалскиот клуб Сараево денес потврди дека Крсте Велкоски се вратил во клубот како технички директор.
Македонецот го носеше дресот на Сараево во два наврати, а го напушти Кошево во летото 2022 година кога се врати во Македонија.
Прво играше за Работнички, а потоа и за Македонија.
„Во својата нова улога како технички директор, Крсте ќе биде клучната врска помеѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и Академијата на ФК Сараево. Неговата задача ќе биде стратешки да ги поврзе сите сегменти од спортскиот развој на клубот, од младинските селекции до сениорскиот тим, со цел да се изгради јасна, препознатлива и долгорочно одржлива спортска филозофија“, објавија од Сараево и додадоа.
„Исто така, Велкоски ќе биде задолжен за соработка со играчите кои доаѓаат во ФК Сараево, со цел да им помогне да се адаптираат и да го разберат клубот и заедницата во која доаѓаат. Како човек кој изградил длабоки врски со ФК Сараево и неговите навивачи, Велкоски е пример за сите идни играчи.“
Велкоски првпат пристигна во Сараево на почетокот на 2014 година од Работнички. Две години подоцна замина во Јужна Кореја во Инчеон Јунајтед.
Се врати во „Кошево“ во летото 2017 година и остана следните пет години.
Во дресот на Сараево, овој 37-годишник одигра вкупно 236 натпревари во кои постигна 64 гола и додаде 43 асистенции. Со Сараево, тој три пати беше шампион на Босна и Херцеговина, а освои и три трофеи во Купот на Босна и Херцеговина.
Фото/ facebook.com/FudbalskiklubSarajevo
Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL