Свет
ЕУ за претседатeлот на 19 ноември
Шведското претседателство на Европската унија свика вонреден самит на 19 ноември во Брисел, со цел да се разговара за воведувањето на новите функции во Унијата.Лисабонскиот договор предвидува воспоставување на функциите претседател на ЕУ, министер за надворешни на Унијата и генерален секретар.
Шведското претседателство на Европската унија (ЕУ) свика вонреден самит на 19 ноември во Брисел, со цел да се разговара за воведувањето на новите функции во Унијата.Лисабонскиот договор за реформи на европските институции предвидува воспоставување на функциите претседател на ЕУ, министер за надворешни на Унијата и генерален секретар.Шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд за оваа цел го започна новиот круг консултации со шефовите на државите и владите на ЕУ, по што наредниот четврток ќе ги претстави кандидатите за новите функции.Како главен фаворит за претседател на Европскиот совет се споменува белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, а за министер за надворешни работи бившиот италијански премиер Масимо Д’Алема./крај/бе/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Брнабиќ објави видео со ВИ на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели
По генералниот штрајк што вчера се одржа во Србија, претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ на својот официјален профил на Инстаграм објави монтажа на која е прикажан српскиот претседател Александар Вучиќ во народна носија.
Во позадина се слушаат звуците на истрели и песната „Тамо далеко“.
Видеото ги истакнува наводните економски успеси на Србија, намалувањето на јавниот долг во споредба со претходната влада, намалената стапка на невработеност и зголемувањето на пензиите и платите.
„Тоа е малку клише, но всушност е вистина“, напиша Брнабиќ.
View this post on Instagram
Свет
Рама најави создадавање верска држава по примерот на Ватикан
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе формира суверена муслиманска држава во Тирана. Државата ќе се формира по моделот на Ватикан, со цел да се зачува и промовира верската толеранција, пишува Klix.ba.
„Тоа би била енклава на исламскиот суфиски поредок, една од најмалите држави во светот, и би имала своја администрација, без даноци или полиција, и нема да го доведува во прашање суверенитетот на Албанија“, рече Рама на церемонијата по повод 95-годишнината од преместувањето на седиштето на Светскиот центар на Бекташи во Албанија од Турција.
Оваа одлука ќе им даде на Бекташите, членови на исламскиот суфиски ред, микродржава слична на Ватикан во Рим. Рама нагласи дека симболичната духовна состојба ќе биде без ѕидови и војска.
Тој не даде детали за тоа кога одлуката би можела да се спроведе, а планот ќе треба да биде одобрен и од албанскиот парламент. Новата микродржава би се простирала на 27 хектари од територијата на денешниот Светски центар на Бекташи, кој се наоѓа во источниот дел на албанскиот главен град од 1930 година. По површина би била речиси пет пати помала од Ватикан.
Според Рама, верската држава би била нов центар на умереност, толеранција и мирен соживот. Редот на Бекташите потекнува од Отоманската империја во 13 век, а политичко значење добил во 15 век кога редот командувал со јаничарскиот корпус, елитна пешадиска единица.
Десет проценти од населението на Албанија припаѓа на редот Бекташи.
По формирањето на Република Турција, нејзиниот водач Кемал Ататурк ги забрани верските институции кои не беа дел од Управата за верски прашања, а седиштето на бекташката заедница беше преместено во Албанија. Бекташијата Исмаил Ќемали прогласи независност на Албанија од Отоманската империја во 1912 година.
Рама минатата година најави дека Албанија планира да формира држава во источниот дел на главниот град на земјата како духовен центар на редот, чии членови, покрај Албанија, се присутни и во Косово, Србија и во Македонија. Според последниот попис, околу 10 отсто од населението на Албанија припаѓа на овој ред.
Свет
(Видео) Маск говореше на изборниот митинг на екстремната десница во Германија
Американскиот милијардер Илон Маск денеска преку видео врска ја даде својата поддршка на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на предизборниот митинг во градот Хале, Германија, каде во февруари се закажани предвремени парламентарни избори.
„Во ред е да се биде горд што си Германец. Борете се за светлата иднина на Германија“, рече во живо најбогатиот човек на светот, пред неколку илјади собрани поддржувачи на АфД.
Маск ја повтори својата поддршка за партијата, за која рече дека ја отелотворува „најдобрата надеж за Германија“. Во својот говор, милијардерот ја пофали „германската нација, која датира илјадници години наназад“.
Според него, актуелната влада „агресивно ја потиснува слободата на изразување и затоа АфД мора да се бори за самоопределување на Германија и на земјите од Европа“.
— Elon Musk (@elonmusk) January 25, 2025
Маск во последните неколку недели ја коментира внатрешната политика во Германија и другите европски земји, објавувајќи изјави на својата онлајн платформа „Х“, отворено поддржувајќи ја AфД.
Антимигрантската партија е на второто место во анкетите за парламентарните избори на 23-ти февруари со околу 20 отсто поддршка, зад конзервативната ЦДУ/ЦСУ, која ја поддржуваат околу 30 отсто од испитаниците.
Маск претходно го нарече социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц „луд и неспособен имбецил“, а претседателот Франк-Валтер Штајнмаер тиранин.