Економија
Договорот за основање на Ејпл ќе биде ставен на аукција во Сотби

Договорот за основање на комјутерската компанија Apple од 1976 година, ќе биде ставен на на аукција во Њујорк, соопшти ауциската куќа Sotheby’s.
Договорот за основање на комјутерската компанија Apple од 1976 година, ќе биде ставен на аукција во Њујорк, соопшти ауциската куќа Sotheby’s.
„Документот беше во сопственост на Роналд Вејн, коосновачот кој заедно со Стив Џобс и Стивен Возниак, се јавува како првиот човек во историјата на една од најпознатите американски компании“, се наведува во соопштението на Sotheby’s.
Договорот за основањето и договорот за тоа дека Вејн ќе ја напушти компанијата, ќе бидат продадени заедно на 13-ти декември оваа година. Почетната цена на реликвиите на Apple се проценува на 100 до 150 илјади долари.
Џобс, Возниак и Вејн на 1-ви април 1976 година го потпишале договорот за создавање на Apple, при што Џобс и Возниак се сопственици на 45 отсто од акциите, а Вејн на 10 отсто. Сепак, Вејн чиј претходен бизнис банкротирал, не верувал во иднината на новата компанија и по 10 дена излегол од составот на основачите, добивајќи за возврат 800 долари надомест и малку подоцна и основачкиот влог од 1.500 долари.
Сега неговиот 10-процентен дел чини две милијарди долари, наведуваат организаторите на аукцијата.
Својот прв персонален компјутер основачите на компанијата го изработиле во средината на 1970-те врз базата на процесорот MOS Technology 6502. Продавајќи неколку десетици вакви компјутери, младите претприемачи добиле финансирање и официјално ја регистрирале компанија на имињата на тројцата сопственици.
„Apple I“ е лансиран во 1976 година, но не е првиот програмабилен со микропроцесор. Правото на првенство му припаѓа на компјутерот „Алтаир 8800“, кој беше создаден од аматери и беше дистрибуиран преку каталози во 1974 година. Сепак, „Алтаир 8800“ технички не се смета за персонален компјутер, затоа што не нудеше можност за акумулирање и повикување на податоците преку програмата за користење. Apple стана првиот масовен произведувач на персонални компјутери, во доцните 1970-ти и раните 1980-ти, кога „Apple II“ и неговите клонови беа најраспространетите персонални компјутери, со продадени повеќе од пет милиони компјутери „Apple II“ низ целиот свет.
Во текот на само 35-годишната историја, корпорацијата Apple стана уникатен пример, со репутација рамна на култ во електорничката индустријата. Во мај 2011 година трговската марка Apple беше призната како најскапиот бренд во светот со процена на 153,3 милијарди долари од меѓународната агенција за рејтинзи и истражувања „Millward Brown“, а на почетокот од август 2011 година Apple стана највредната компанија во светот според пазарната капитализација којашто на 10-ти август изнесуваше 338,8 милијарди долари.
Создавачот и идејниот творец на компанијата, Стив Џобс, кој почина во октомври 2011 година, беше еден од најпочитуваните луѓе во светот на бизнисот./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите, извести Народната банка

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, извести Народната банка.
Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози. Имено, надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките. Надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките исто така се намалени. Така, електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55%. Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година, велат од НБ.
Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, се додава во соопштението.
Економија
СДСМ: Инфлација од 4,4 проценти беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало, реагираат од СДСМ.
Како што истакнуваат, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.
„Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.
Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.
Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард“.
Според опозициската партија, додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси.
„Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.
СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт“.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.