Македонија
Спорниот учебник бил најдоброто од понуденото
Учебникот „Општество“ всушност бил најдобро оценет од рецензентската комисија, избран е од пет ракописи на повеќе автори со одлична оцена од 95 отсто, и имал многу висока и позитивна оценка, рече министерот за образование Тодоров на средбата со новинарите ден по скандалот
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, по бурните реакции во јавноста откако излезе учебникот за петто одделение по предметот „Општество“, кој освен што изобилува со многу други грешки најмногу прав покрена со фактот што на 42-та страница во делот во кој се опишуваат значајни дејци од македонската култура, меѓу споемантите се и споменати Нора Шаќири, Ферус Мустафов и други естрадни личности.„Моја работа не е да ги читам учебниците, ниту моја работа е да се мешам и да одлучувам што да стои во било кој учебник. Тогаш би преминале во некој тоталитарен режим и заради тоа имаме цела процедура во која се изработуваат учебници кои проаѓаат низ повеќе филтри,“ изјави Министерот за спорниот учебник.За министерот Тодоров не е прифатливо министерството или министерот да сносат одговорност за некоја работа која е обврска на рецензентот и според него рецензентите се оние кои стручно ја вреднуваат содржината на учебникот.„За мене ќе биде доволно доколку рецензентите ја признаат својата грешка и се извинат за непријатностите кои ги нанесоа и на министерството и на мене како Министер за образование и наука.Тој додаде дека по промените во учебникот овие имиња кои стоеја, нема да стојат во коригираната верзија.„Вчера имавме состанок на кој беа поканети четворицата автори на учебникот, беа поканети тројцата рецензенти кои го рецензирале овој учебник, беше присутен Претседателот на Националната комисија и Директорот на педагошката служба, и во секој случај ќе одиме со промена на страницата од учебникот и престанок со дистрибуција на учебниците,“ изјави Министерот Тодоров и додаде дека се размислува и дистрибуираните учебници да се повлечат повторно во печатница, и да биде конкретната страница да биде заменета.Министерот ќе има состанок и со Друштвото на писателите на кој треба да ги чуе и нивните забелешки за учебникот „Општество“.Меѓутоа штетата ќе биде многу посериозна доколку се утврди дека не е спорна само една страница од учебникот, и истиот треба цел да се корегира и препечатува.„Со промена на една страница од учебникот јас можам да се задоволам со извинување, меѓутоа станува збор за 15.400 примероци кои се веќе отпечатени. Ова ќе предизвика сериозен финансиски проблем,“ изјави Тодоров.Учебникот за петто одделение „Општество“ е дел од проектот за бесплатни учебници кој започна минатата година и истиот чинеше околу една милијарда денари кои беа искористени за печатење на околу 4 милиони учебници. Оваа година овие средства треба да бидат многу помали бидејќи генерациите ќе користат дел од учебниците кои биле поделени минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

