Контакт

Свет

Поради детска порнографија во САД обвинети 72 лица

Објавено пред

Во САД 72 лица се обвинети за интернет детска порнографија, а некои од нив се уапсени во Србија, соопштија американски службеници.

dobivaj vesti na viber

Во САД 72 лица се обвинети за интернет детска порнографија, а некои од нив се уапсени во Србија, соопштија американски службеници.

Државниот обвинител Ерик Холдер и секретарот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано изјавија дека во текот на операцијата наречена „Делего“, започната во декември 2009 година, се водела истрага за повеќе од 500 лица ширум светот.

Во САД и уште во 13 земји, меѓу кои  е и Србија уапсени се 52 лица.

Другите држави во кои  е изведено апсење се Канада, Данска, Еквадор, Франција, Германија, Унгарија, Кенија, Холандија, Филипини, Катар, Шведска и Швајцарија.

Од 52 уапсени, 13 ја признале вината, а 20 и понатаму бегаат и познати се само нивните „онлајн идентитети“, соопшти американското министерство за правда.

Сите се обвинети за дистрибуција и рекламирање на детска порнографија, а од нив 50 и за производство.

Обвинетите биле активни на приватниот форум  „Dreamboard“, во кој пристап имале само членовите, а е наменет за педофили.

Членството било строго контролирано, а личноста при пријавување на форумот морала да постави детска порнографија за да биде член, но тоа и покасно да го прави.

Според документите објавени во текот на истрагата, членовите размениле повеќе од десетици илјади фотографии и видеоснимки на возрасни кои злоставуваат деца помали од 12 години.

„Членовите на оваа криминална мрежа делеле неразумен сон да создадат супериорна онлајн заедница за промоција на сексуално искористување на деца, но за децата кои биле нивни жртви тоа не беше ништо помалку од ноќен кошмар“, рече Холдер.

Операцијата „Делего“ претставува до сега најголемо обвинување во САД против поединци кои учествувале на форумот чија цел била промовирање на сексуално злоупотребување на деца, дистрибуирање на детска порнографија и кршење на законите./крај/сх/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кси вети поддршка за Мјанмар за опоравување од земјотресот

Објавено пред

Кинескиот претседател Кси вети поддршка за обновата на Мјанмар по неодамнешниот земјотрес, најсмртоносниот што ја погоди земјата од југоисточна Азија во последниве години, објави државниот медиум Ксинхуа.

dobivaj vesti na viber

Кси се сретна со лидерот на хунтата во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, во Москва и разговараше за неколку иницијативи.

Природната катастрофа ја зајакна позицијата на Мин Аунг Хлаинг, кој е дипломатски изолиран четири години откако неговата хунта ја собори избраната влада и предизвика брутална граѓанска војна.

Земјотресот (од крајот на март 2025 година) му овозможи на водачот на хунтата повторно да воспостави врски со регионалните сили, со понуди за помош во вредност од милиони долари, хуманитарна помош и спасувачи од земји, вклучувајќи ги Кина, Индија и Русија.

„Мјанмар високо ги цени трите глобални иницијативи предложени од Кина и визијата за градење заедница со заедничка иднина со соседните земји и е подготвен да соработува со Кина за решавање на заедничките предизвици.“

Прикажи повеќе...

Свет

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го остварување на суверените права „во одбрана на братската нација“, објави државната медиумска агенција КЦНА.

dobivaj vesti na viber

„Нашето учество во конфликтот беше праведно и во рамките на суверените права на нашата Република“, рече Ким, според КЦНА.

„Ги сметам сите храбри војници кои учествуваа во операцијата Курск за херои и највисоки претставници на честа на нацијата“, додаде тој.

Ким, исто така, рече дека Пјонгјанг нема да се двоуми да одобри употреба на воена сила доколку САД продолжат со, како што ги нарече, воените провокации против Русија.

Северна Кореја официјално не потврди до крајот на април дека испратила повеќе од 10.000 војници и оружје во Русија, додека воените врски на двете земји растат според Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, што Ким и рускиот претседател Владимир Путин го потпишаа минатата година.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Портпарол на пакистанската војска: Шокантна вест, Индија ја погоди Индија со ракети

Објавено пред

Портпарол на пакистанската војска во изненадувачка изјава на националната телевизија тврдеше дека Индија испалила балистички ракети кои паднале на индиска територија, без да даде никакви детали во поддршка на тврдењето.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ви ја пренесам шокантната вест дека Индија испали шест балистички ракети од Адампур. Една од балистичките ракети го погоди Адампур, а другите пет ракети ја погодија индиската област Пенџаб во Амритсар“, изјави портпаролот на пакистанската војска во кратка видео изјава во сабота наутро по локално време.

Окружниот комесар на Амритсар во СМС-порака помеѓу петок и сабота им порача на луѓето „Не паничете. Сирената се огласува бидејќи сме под црвена тревога. Не паничете, како и претходно, исклучете ги светлата, држете се подалеку од прозорците. Ќе ве известиме кога ќе бидете подготвени да го продолжите снабдувањето со електрична енергија“.

Очевидци на Ројтерс јавуваат дека во градот Амритсар се слушнале четири експлозии.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Европа18 минути

Лидерите на најмоќните европски земји синоќа отпатуваа во Киев, тоа е одговор на Путин

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак...

Македонија23 минути

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ12 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет14 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија18 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија19 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија19 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија21 час

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија23 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија24 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет2 дена

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија2 дена

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...