Македонија
Македонија ЃП оптимист за мечот со Бате Борисов

Шампионот Македонија ЃП максимално подготвено го пречекува утрешниот натпревар против Бате Борисов, со умерен оптимизам дека може да го изненади
Шампионот Македонија ЃП максимално подготвено го пречекува утрешниот натпревар против Бате Борисов, со умерен оптимизам дека може да го изненади белорускиот фаворит во дебитантскиот настап во ЛШ.
„Добивме силен противник, кој лани настапи во групната фаза од ЛШ, а сезонава е уште посилен. Од белорускиот шампион не се плашиме, ќе се обидеме да наметнеме наша игра и да му се спротивставиме на фаворитот“, изјави денеска на прес конференција, тренерот на Македонија ЃП Илчо Ѓоргиевски.
„Сметам дека на технички план сме посилни од Бате Борисов. Физички сме добро подготвени и на тој план, исто така, можеме да му парираме на противникот“, додаде Ѓоргиевски, јавува Макфакс.
Првиот натпреварот од второто квалификационо коло во Лигата на шампионите (ЛШ) Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов е на програмата во вторник (17,00 часот) на Арената „Филип 2“ во Скопје.
За Македонија ЃП ова ќе биде прв настап во ЛШ, во која лани настапи Бате Борисов, остварувајќи неколку забележителни резултати.
За мечот Македонија ЃП– Бате Борисов во продажба се пуштени околу 8,000 влезници по симболична сума од 100 денари.
Реваншот е по една недела во Белорусија./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.