Свет
Косовскиот Албанец сам го планирал нападот во Франкфурт
Заменик државниот јавен обвинител на Германија, Рајнер Грисбаум, денеска во Кaрлсруе изјави дека косовскиот Албанец само го испланирал нападот на американските војници на аеродромот во Франкфурт. Грисбаум дополни дека нема индиции дека тој и припаѓал на некоја терористичка група.
Заменик државниот јавен обвинител на Германија, Рајнер Грисбаум, денеска во Кaрлсруе изјави дека косовскиот Албанец само го испланирал нападот на американските војници на аеродромот во Франкфурт. Грисбаум дополни дека нема индиции дека тој и припаѓал на некоја терористичка група. Германското државно обвинителство во Карлсруе по нападот на американските војници веднаш започна истрага за случајот, а медиумите оценија дека по се` изгледа се работи за политички мотивиран злочин. Напаѓачот, кого властите во Приштина го идентификуваа како Арид Уку, бил под исламистичко влијание и посетувал одредени исламистички интернет страници, рече Грисбаум. Во средата, Уку во автобус на војската на САД, на аеродромот во Франкфурт уби двајца американски војници. Во нападот беа ранети други двајца припадници на армијата на САД. Косовскиот Албанец според сознанијата на германските медиуми бил човек кој ја мрзел Германија. Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка, Ангела Меркел го осудија овој злочин и побараа итна разрешница на целиот случај. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори
Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина.
Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба воведена по руската агресија.
Иако претседателот Володимир Зеленски претходно ја отфрли таквата можност поради уставни пречки, раселени граѓани и окупирани територии, притисоците од Русија и САД, вклучително и барањата од Доналд Трамп, сега укажуваат дека Киев сè уште би можел да разгледа чекори кон одржување избори дури и пред формалниот крај на војната.
фото/депозитфотос
Свет
(Видео) Маскиран маж ја прекина божиќната миса во катедрала во Келн
Илјадници верници се собраа на Бадник во Келнската катедрала за да ја прослават божиќната миса, но празничната атмосфера одеднаш беше нарушена од бизарен испад на маскиран маж. Инцидентот ги шокираше присутните и брзо стана тема на социјалните мрежи, пишува германскиот „Билд“.
Како што потврди полицијата за „Билд“, маж облечен во црна наметка искочи од толпата, со впечатлива златна маска на лицето и плишани уши на главата. Тој изведе краток танц пред олтарот. Чуварите на катедралата, таканаречените Домшвајцери, веднаш се качија на сцената и го испратија надвор од црквата без отпор.
Ein Mann mit goldener Maske hat die Christvesper im Kölner Dom gestört, die Hintergründe des Vorfalls sind unklar. Eltern berichten von eingeschüchterten Kindern. Die Zahl antichristlicher Vorfälle und Straftaten ist zuletzt deutlich gestiegen.https://t.co/cHjcHXaf3a pic.twitter.com/vSOVKsQMJf
— Apollo News (@apollo_news_de) December 25, 2025
Не беше потребна полициска интервенција, никој не беше повреден, а видео од вратарите како го водат човекот наскоро беше објавено на Инстаграм. Иако мисата продолжи, публиката беше шокирана. Инцидентот предизвика и лавина од негативни коментари на интернет, при што многумина го осудија настапот како чин на непочитување.
„Моите деца беа навистина исплашени за момент“, коментираше еден маж. „Воопшто не ми е смешно. Почитта е на прво место“, рече друг. „Без оглед на религијата… Ако сте во црква, однесувајте се соодветно“, заклучи трет.
Во моментов не е јасно што стои зад овој инцидент на Бадник и дали станува збор за некаква провокација или за валкана шега. Според информациите од полицијата во Келн, сè уште не се поднесени кривични пријави против злосторниците.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

