Свет
Шверцот на цигари во подем
Новите давачки за тутунските производи ја стимулираат нелегалната трговија
Новите давачки за тутунските производи ја стимулираат нелегалната трговија
Поради повисоките цени, приливите во буџетот ќе бидат реализирани
Шверцот со цигари бележи нагорен тренд, иако засега е во блага форма. Поголемо зголемување на трговијата на црно со тутунските производи се очекува од идниот месец, кога цената на цигарите, како што е најавено, ќе порасне поради новата давачка што треба да се издвојува за тутунарите. Сепак, и покрај сў поатрактивната трговија на црно со цигарите, како акцизни производи, се очекува во Буџетот на државава да се генерираат планираните средства, што се должи на зголемените давачки.
"Зголемувањето на давачките на цигарите ќе овозможи физичкото полнење на Буџетот да биде реализирано во целост. Проблем претставува предвидувањето на зголемувањето на шверцот на цигарите што се јавува според системот на врзани садови поради тоа што станува поатрактивна заработката на лицата кои работат на црно. Со новата давачка за цигарите за помош на земјоделството се очекува зголемување на оваа општествено негативна појава. Но, со зголемена контрола и конзистентен пристап на Царината и на другите институции во државата, се надеваме дека шверцот ќе се држи во некоја контролирана рамка. Засега сў уште не се алармантни податоците дека нешто драматично се случува на пазарот на црно во делот на трговијата со цигарите. Информациите од терен говорат дека има само благо зголемување на шверцот. Досега нема направено подлабока анализа дали шверцот повеќе доаѓа однатре или се увезува", изјави досегашниот директор на Царината Илија Илоски за време на примопредавањето на должноста на новиот директор Владе Диневски.
"Со чинот на моето излегување од Царината, се прави исчекор во политичкото однесување на овој простор и се подигнуваат нормите на личното однесување во политиката, при што, одејќи на нова функција, ја напуштам директорската фотелја во Царината. Со носење внатрешно персонално решение се доведуваме во ситуација идните власти да го задржат овој тренд на однесување, со доаѓање на професионалци на нивното вистинско место. Со именување на новиот директор, очекувам Царината да продолжи по трасираниот пат кон евроинтегративните процеси", додаде Илоски.
Задржувањето на овој курс го потврди и новиот прв цариник во земјава.
"Курсот што го водеше Илоски, посебно во делот за евроинтеграција, ќе го продолжиме. Има делови што се завршени, има делови кои сў уште се во фаза на доградба, па интензивно ќе работиме на нивно заокружување", изјави новиот директор на Царината, Владе Диневски. (А. С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин

