Македонија
И трудова инспекција во контрола на шесте фирми на „Перо Наков“ бб
Во шесте компании регистрирани на „Перо Наков“ бб, каде вчера имаше инспекциска контрола на нивното финансиско работење, на барање на финансиската полиција проверки извршил и Државниот инспекторат за труд, но не му била достапна целокупната документација
„Финансиката полиција, со која соработуваме и постапуваме во заеднички надзори кај повеќе субјекти, вчера побара од нас да извршиме надзор во споменатите компании. Ние ја извршивме контролата, но со оглед на тоа што не ни беше доставена целосна документација согласно процедурите на правните субјекти им е даден рок да ја достават до понеделник“, изјави директорот на Државниот трудов инспекторат Горан Јовановски.Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами нагласува дека од тоа како правните субјекти ќе постапат, ќе зависат и мерките кои ќе бидат преземени. Тој додаде дека за дел од лицата кои се затекнати нема пронајдено или немало кој да ја приложи документацијата потребна за вршење на контролата на Инспекторатот на труд. На компаниите им е даден рок најдоцна до понеделник да ги достават документациите. Потоа од понеделник ќе може да се изготви записник и врз основа на тоа дали ќе има документи или ќе нема ќе се постапува натаму. Приватната телевизија А1 телевизија во четвртокот навечер објави дека полицијата извршила упад во телевизијата, што е демантирано од МВР од каде соопштија дека станува збор за полициска асистенција побарана од страна на инспекторите на Управата за јавни приходи и на финансиската полиција кои вршеле увид во финансиското работење на шест фирми на иста адреса „Перо Наков“ б.б. во Скопје.Министерството за внатрепшни работи соопшти дека А1 телевизија не е меѓу фирмите за кои финансиската полиција има обезбедено судска наредба за обезбедување документација, за контрола за финансиското работење. Напротив се работи за фирми чија примарна дејност, според налогот за којшто се регистрирани, е трговијата со прехранбени и други продукти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

