Македонија
Власта бара брза лустрација, опозицијата обвинува за политички притисок врз комисија
Брзо и ефикасно спроведување на Законот за лустрација побараа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата пак обвини дека комисијата не го почитува законот и работи под политички притисок
„ВМРО- ДПМНЕ бара процесот на лустрација да се спроведува брзо и ефикасно. Жално е што 20 години никој не собра храброст за да изгласа закон за лустрација, а јас би потсетил дека токму оваа политичка гарнитура го истурка процесот за изгласување на таков закон“ изјави Илија Димовски од ВМРО- ДПМНЕ.Тој ги отфрли нападите од останатите политички партии и рече дека нивната цел е да го тргнат фокусот од себе. Според него, оваа политичка гарнитура нема ништо со претходниот систем, има чист образ и капацитет да бара и да упатува пораки за брзо и ефикасно спроведување на лустрацијата.Цветанка Иванова од СДСМ, рече дека тие бараат доследна примена на законот за лустрација и осудуваат секакво партиско и политичко влијание врз процесот на лустрација.„СДСМ нема што да крие во своите редови, нема кодоши, внатрешните расправии и расколите во ВМРО-ДПМНЕ ги оставаме тие сами да си ги решат“ ,рече Иванова.Таа нагласи дека комисијата треба да лустрира согласно законот и да носи одлуки според фактите, а не да се надгласува.И од ЛДП велат дека комисијата работи под партиска директива„Членовите на комисијата беспотребно се надгласувале и навистина незнам за што гласале. Тоа е уште еден обид од владата да го девалвира парламентот кога дозволува кодошите да седат во редовите на парламентот“ изјави Роза Топузовска- Каровска од ЛДП.Пратеничката на Нова демократија Флора Кадриу смета дека комисијата работи под политички притисок и според неа неправилно се спроведува законот за лустрација.„Сметаме дека кодошлакот претставува еден вид феномен кој што е присутен кај сите ентитети и сметаме дека е потребно таквите личности да бидат лустрирани, а нивните имиња да бидат изнесени во јавноста и да им се одземе можноста за вршење на државна функција“ изјави Кадриу.Поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во средата во отворено писмо го обвини премиерот Никола Груевски дека го кочи процесот на лустрација со заштита на пратеник од владеачкото мнозинство, за кој постоеле сомневања дека бил соработник на тајните служби.Претходно Демократската партија на Албанците поднесе кривична пријава против членовите на комисијата за лустрација, под образложение дека го заштитуваат пратеникот на ДУИ, кој соработувал со тајните служби
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.