Спорт
Кеико Фукуда доби 10 дан во 98-та година од животот
Во светот само 16 џудисти стигнале до совршенството во џудото, црн појас 10 дан, а денес има само четворица живи џудисти кои се носители на овој степен на познавање на овој боречки спорт.Единствена жена меѓу нив е Кеико Фукуда.
Во светот само 16 џудисти стигнале до совршенството во џудото, црн појас 10 дан, а денес има само четворица живи џудисти кои се носители на овој степен на познавање на овој боречки спорт.Единствена жена меѓу нив е Кеико Фукуда. Сето тоа не би било толку чудно доколку овој појас не го добиеше деновиве кога наполни 98 години од животот.Фукуда започна да тренира џудо во 1935 година кога имаше 18 години. Договорениот брак го откажа бидејки идниот сопруг бараше да престане со тренирање. „Џудото е мојот брак“ изјавуваше сега супербабата Фукуда.Еден пропис од тоа време забрануваше жени да носат црн појас со повисок степен од 5 дан. Па поради тоа, ова звање таа го имаше дури 30 години, пред да биде прописот поништен во 1972 година. Во следните 39 години посветеност на џудото Фукуда стигна до зенитот.И ден денес кога го доби највисокиот можен степен 10 дан, Кеико Фукуда верувале или не сеуште активно држи тренинзи по џудо во кој го пренесува своето знаење и искуство на нејзините ученици. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот