Естрада
Боб Дилан одржа концерт само за еден човек

Американскиот музичар Боб Дилан пред неколку дена одржал концерт само за едно лице во филаделфиската „Academy of Music“, а специјалниот настан бил дел од шведската филмска серија „Experiment Ensam“ (Experiment Alone – Експериментирај самиот), пишува музичкото списание Rolling Stone.
Американскиот музичар Боб Дилан пред неколку дена одржал концерт само за едно лице во филаделфиската „Academy of Music“, а специјалниот настан бил дел од шведската филмска серија „Experiment Ensam“ (Experiment Alone – Експериментирај самиот), пишува музичкото списание Rolling Stone.
Култниот музичар Боб Дилан, кој во текот на следната 2015 година ќе го издаде новиот албум под наслов „Shadows In The Night“, настапил пред својот 41-годишен голем обожувач Фредерик Викингсон кој седел сам во вториот ред од концертната сала.
Невообичаениот настан е одржан како дел од шведската филмска серија „Experiment Ensam“, во којашто луѓето сосема сами учествуваат во искуства коишто инаку се резервирани за големи групи луѓе, како што се клубови или караоке вечер.
Дилан, заедно со својот бенд, извел четири нумери – коверите на Бади Холи „Heartbeat“, на Фетс Домино „Blueberry Hill“ и на Чак Вилс „It’s Too Late (She’s Gone)“, како еден блуз џем кој Викингсон не можел да го препознае.
Фредерик Викингсон, кој инаку е популарно телевизиско лице во Шведска, изјавил дека толку се смеел што имал чувство дека е на екстази. „Вилиците ме болеа со часови, откако не можев да се сопрам да се смеам“, рекол.
Авторите на филмската серија се договориле со кампот на Дилан за приватен настап, исплатувајќи му засега непозната сума пари. „Не знам колку добил. Меѓутоа, веројатно било повеќе отколку што добива за нормален настап“, смета Викингсон.
Викингсон, откако дознал што се подготвува, го молел да учествува во тоа Андерс Хелгесон, режисерот на споменатата филмска серија, кој е инаку е негов пријател.
„Имав серија состаноци на коишто успеав да ги убедам дека мојот екстремен ентузијазам ме прави најдобар кандидат за оваа завидна задача. Многу сум пасивен и секогаш себеси се опишував како некој кој не би успеал да се спаси од брод што тоне“, вели натаму за магазинот Викингсон.
Кога влегол во концертната сала, Викингсон имал надреално искуство со можноста да го бира кое и да е место во гледалиштето. Избрал да седи во средината на вториот ред. „Мислев дека доколку седам во првиот ред би го избезумило Дилан“, додава.
Дилан по настапот пред само еден човек во публиката имал јавен настап, меѓутоа Викингсон одлучил да не си замине. „Би било чудно, впрочем, ова искуство ништо не може да го надмине“, објаснува. Раскажал и дека заминал во караоке бар со момчињата од продукцијата и пеел на сет глас песни на Дилан.
Настапот бил сниман со осум камери, а петнаесетминутниот документарец ќе биде поставен на YouТube на 15-ти декември.
„Фановите би можело да ги изнервира тоа што јас седам таму. Но ќе биде ‘кул’ и супер ќе изгледа. Звукот беше неверојатен“, опишува Швеѓанецот./крај/мф/сн
Извор: Rolling Stone
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.