Свет
Вороњин: Изборите – приближување со Русија
Надеж дека парламентарните избори ќе придонесат кон приближување со Русија, изрази денеска претседатeлот на Молдавија Владимир Вороњин
Надеж дека парламентарните избори ќе ја окончаат политичката криза во државата и ќе придонесат кон приближување со Русија, изрази денеска претседателот на Молдавија Владимир Вороњин.
“Гласам за стабилност и демократски развој. Се надевам дека по изборите ќе излеземе од политичката криза и ќе можеме да работиме на борбата против економската криза“, изјави по гласањето Вороњин.
Тој заминува од функцијата бидејќи му истекува вториот претседателски мандат.
Политичката криза, во Молдавија, трае од изборите во април на кои повторно победи владејачката Комунистичка партија.
Вороњин, кој е лидер на Комунистичката партија, во јуни го распушти Парламентот бидејќи два пати не успеа да се избере шеф на држава.
Комунистичката партија доби мнозинство гласови на парламентарните избори на 5 април, а опозицијата ги оспоруваше резултатите од изборите. Избија протести во кои загинаа најмалку две лица.
Опозицијата, потоа, во Парламентот го бојкотираше гласањето за новиот претседател на државата./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанскиот парламент ги одложи претседателските избори по неуспехот на првиот круг на гласање
Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери ја одложи седницата за избор на нов претседател откога првиот круг на гласање не донесе доволно гласови за командантот на либанската армија, Џозеф Аун.
На Аун му беа потребни 86 гласа за да биде избран, но тој собра 71, објави „Ројтерс“.
Два политички извора рекоа дека се очекува Аун да го помине прагот од 86 гласа.
Свет
Венецуелската влада издаде „потерници“ против седум поранешни претседатели на Латинска Америка
Владата на Венецуела, денеска, низ целата земја ќе подели плакати, кои личат на налози за апсење, против седум поранешни претседатели на земји од Латинска Америка, кои најавија дека ќе го поддржат опозицискиот лидер Едмунд Гонзалес во неговата намера утре да положи претседателска заклетва.
Официјални лица им наредиле на вооружените сили и на полицијата да дистрибуираат постери на сите улици, пристаништа и аеродроми против поранешните претседатели Андрес Пастрана (Колумбија), Марија Абдо Бенитез (Парагвај), Висенте Фокс и Фелипе Калдерон (Мексико), Миреја Москосо и Ернесто Перез Баладарез (Панама), како и Хамил Махуад (Еквадор), пренесува шпански „Ел паис“.
Во вторникот тие, заедно со поранешните претседатели на Боливија и Костарика, Хорхе Кирога и Лаура Чинчила, беа прогласени за персона нон грата во Венецуела и им беше забранет влезот во земјата.
Свет
Путин е политичар на 2024 година според Русите, покажува анкета
Рускиот претседател Владимир Путин, според руските граѓани, е политичарот со највисок рејтинг во 2024 година во Русија, покажа истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВТСИОМ).
„Половина од руските граѓани (50 проценти) го избраа Владимир Путин за нивен политичар за 2024 година. Рускиот претседател постојано го зазема првото место на ова рангирање од почетокот на мерењата во 2006 година – во декемвриските анкети тој беше споменуван во просек од половина од Русите“, велат истражувачите, пренесува „Известија“.
Второто место му припадна на рускиот премиер Михаил Мишустин (18 отсто), а третото на министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров (14 отсто).