Спорт
Ливерпулските „Редси“ дефинитивно имаат нов сопственик
Американскиот конзорциум New England Sports Ventures, кој го поседува американскиот безбол тим Boston Red Sox, во петок го финализираше купувањето на англискиот фудбалски клуб Ливерпул
Директорот на Ливерпул потврди дека зделката била направена во 16:55 часот по македонско време, што значи дека претседателот на „New England Sports Ventures Џон Хенри ги менува досегашните сопственици Том Хикс и Џорџ Џилет, Продажбата на 18. кратните шампиони на Англија мина низ многу перипетии, а Хикс и Џилет соопштија дека ќе бараат обештетување во висина од 1,6 милијарди долари. Продажбата на англискиот тим на американската компанија за 300 милиони фунти ќе донесе загуби за поранешните сопственици за околу 140 милиони фунти. Доскорешните сопственици, во денешната изјава, рекоа дека продажбата на Ливерпул е нелегална и „неверојатна измама“. Двајцата признаа дека го загубиле случајот, откако Royaj bank od Scotland им ја одби молбата да ги исчистат долговите на тимот од 237 милиони фунти. Долговите на екипата од „Ејнфилд“ ќе ги плати новиот газда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.