Македонија
Ден на дрвото на 11-ти ноември

Повеќе од седум милиони садници ќе бидат засадени во четвртата по ред акција Ден на дрвото што ќе се одржи на 11-ти ноември.
Повеќе од седум милиони садници ќе бидат засадени во четвртата по ред акција Ден на дрвото што ќе се одржи на 11-ти ноември.
Предвидено е акцијата да опфати 32 општини и 120 локации, најавија од Иницијативниот одбор(ИО) и ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да засадат по едно дрвце.
Слоганот овојпат ќе биде „Замисли ја Македонија во зелено“, и на тој начин сакаме да ги натераме граѓаните да замислат како ќе изгледа земјата после неколку години. Целта ни е да пошумиме што е можно поголема површина, но воедно и да ја подигнеме еколошката свест на граѓаните-рече Кристина Николовска од ИО и истакна дека овојпат садењето ќе биде извршено според научни стандарди.
Од ИО се горди што акцијата полека, но сигурно добива интернационални размери, а наидува на добар прием и во соседните земји.
Досега ги посетивме сите земји од соседство и секаде добивме позитивни реакции. Целта ни е акцијата да ја прошириме преку отворање на канцеларии за врска со кои ние ќе координираме. Имаме огромна подршка од владата на Норвешка и тие се заложија да обезбедат финансиска помош за акцијата да се прошири и во другите балкански земји. Станува збор за капитален проект од кој бенефитот ќе го почувствуваат и следните генерации-рече Антон Серечи од ИО.
Во досегашните три акции беа засадени повеќе од 13 милиони дрвца, а од Иницијативниот одбор на акцијата очекуваат дека оваа ќе биде најмасовна./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку локалните избори во октомври се „неуспешни“, Владата ќе именува повереници како градоначалници.
Според партијата, ваквата отворена закана е директен напад врз темелите на демократијата и претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на Никола Груевски, менторот на Мицкоски.
„Овој предлог е јасно антидемократски: ја поништува смислата на изборите и ја игнорира волјата на граѓаните кои можеби, замислете, би избрале независни кандидати за градоначалници или советници. Ова не е „политичка тактика“, туку директна најава за самоволие во општините, што наликува на грубото воспоставување на режим кој на сите ни е многу добро познат. Зелената партија ДОМ ја потсетува јавноста дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните прикриени коалициски партнери (СДСМ и ДУИ) од независните гласови го разоткрива лицето на една тивка, но сеопфатна согласност меѓу партиските „аристократии“. Молкот за ова прашање од страна на „опозициските“ перјаници од СДСМ и ДУИ само ги потврдува сомнежите за таа непринципиелна коалиција и нивната нетрпеливост кон новите, храбри независни гласови“, велат од ДОМ.
Партијата бара премиерот веднаш да ја повлече оваа закана и да ги почитува уставните права на граѓаните.
„Го повикуваме претседателот на Собранието и сите парламентарни партии јавно да се изјаснат против најавениот тоталитаризам. Секој обид за наметнување „повереници“ наместо легитимно избрани градоначалници е кршење на законот и на политичкиот морал“, велат од ДОМ.
Македонија
Без струја делови од Бутел, Центар и Аеродром

Без струја денеска ќе останат делови од Бутел, Центар и Аеродром.
„Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 22.08.2025 година ( петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа. (Општина Бутел)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Васил Стефановски (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 9-ти Мај (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Тодор Чангов (општина Аеродром)“, информира ЦУК.
Македонија
Гужва на „Табановце“, за излез се чека 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.