Спорт
Ванкувер и Вашингтон поведоа со 2:0

Најдобрата екипа од регуларниот дел од првенството Ванкувер Канакс на своето лизгалиште го победија Чикаго Блекхоукс со 4:3 и поведоа со 2:0 во серијата до 4 победи.
Најдобрата екипа од регуларниот дел од првенството Ванкувер Канакс на своето лизгалиште го победија Чикаго Блекхоукс со 4:3 и поведоа со 2:0 во серијата до 4 победи. Хокеарите од Ванкувер водеа со 2:0, 3:1 и 4:2 но црните соколи постојано се доближуваа на еден гол разлика и го правеа мечот неизвесен. Стрелци за Ванкувер беа Јаник Хенсен (7:30), Дениел Сендин (20:30, 50:06) и Александер Едлер (39:46), а за Чикаго Бен Смит (34:50, 52:50) и Виктор Сталберг (41:56).Со 2:0 во серијата поведе и Вашингтон Кјапиталс откако со 2:0 го совлада Њујорк Ренџерс. Головите паднаа во втората третина, а ги постигнаа Џејсон Чимера (22:11) и Џејсон Арнот (24:08).Патките од Анахејм израмнија на 1:1 во вкупниот скор против Нешвил Предаторс по победата од 5:3. Патките по вториот период водеа со 4:1, во последниот период гостите смалија на 4:3, но Боби Рајан од далеку го погоди празниот гол на Нешвил и го постигна конечниот резултат. Стрелци за Анахејм беа Кори Пери (5:24), Теми Селејн (6:02), Боби Рајан (27:12, 59:07) и Рајан Гецлаф (35:54). Погодоците за Нешвил ги постигнаа Ши Вебер (24:29), Патрик Хорнквист (41:30) и Џоел Ворд (50:17).Во Пицбург Пингвините загубија од Тампа Беј Латнинг со 1:5. Гостите израмнија на 1:1 во победи. Стрелец за единствениот гол на Пицбург беше Крејг Адамс (29:08) кога намали на 1:3, а за Молскавиците голови постигнаа Ерик Броер (2:02), Винсент Лекавалие (6:53), Нејт Томсон (17:02) Мартин Сент Луис (39:46) и Матијас Охлунд (57:55).Крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Каде заглави околу Осимен: рокот за исплата и процентите

Преговорите меѓу Галатасарај и Наполи околу ангажманот на Виктор Осимен продолжуваат. Од една страна, се чини дека договорот се приближува секој ден, но има некои детали за кои двете страни не можат да се договорат.
Се чини дека двете страни постигнале договор за вкупната цена на отштета. Наполи треба да ги добие посакуваните 75 милиони евра, но проблемот е динамиката на плаќањето.
🚨🟡🔴 Galatasaray reject Napoli new conditions for Victor Osimhen deal, talks will continue… if conditions change again.
Napoli asked for €40m now plus €35m to be paid by 2026 plus sell-on clause.
Galatasaray want to pay €35m by 2027 and refuse to include sell-on clause. pic.twitter.com/Ru38m3bxTH
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 14, 2025
Наполи сака 40 милиони евра веднаш, а 35 милиони евра да бидат исплатени во 2026 година. Галатасарај се согласи на 40 милиони веднаш, но сака да ја продолжи втората транша од 35 милиони евра до 2027 година.
Наполи, исто така, сака да се стави во трансферот и клаузула во врска со процент од следната продажба што би му припаднал на италијанскиот шампион, нешто за кое турскиот шампион не сака да чуе. Двете страни се уште се на преговарачка маса, па ќе видиме што ќе донесат наредните денови, па дури и часови.
Спорт
Модриќ ги подели навивачите на Милан, некои велат дека е дедо, други велат дека е Г.О.А.Т.

Капетанот на хрватската репрезентација Лука Модриќ (39) е нов играч на Милан. Тој се приклучи на италијанскиот гигант по Светското клупско првенство, каде последен пат играше за Реал Мадрид, клуб во кој е од 2012 година, каде што стана капитен и легенда и нивниот најтрофеен играч на сите времиња (28 трофеи).
Милан ќе биде шестиот професионален клуб во богатата кариера на Лука Модриќ.
Модриќ потпиша договор со Милан до летото 2026 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број 14. Милан ја потврди веста за доаѓањето на Модриќ на навивачите преку веб-страницата на клубот и социјалните медиуми. Мислењата на навивачите за доаѓањето на Модриќ се поделени.
„Дајте му го бројот 10. Класата го заслужува тоа“
Тие се надеваат на добра сезона откако минатата сезона завршија осми во Серија А и го пропуштија европскиот натпревар. Некои не се сигурни дали Модриќ, кој ќе го прослави својот 40-ти роденден во септември, може да ги сврти работите, додека други го фалат потегот на клубот.
Некои го поздравуваат доаѓањето на Модриќ, пишуваат за неговата класа и го нарекуваат најголем на сите времиња. Тие додаваат дека легендата на Реал Мадрид изгледа одлично во боите на Милан и пишуваат: „Милан не потпиша играч, туку наследство“, „Колку се луди навивачите на Интер сега за ова?“, „Конечно е тука“, „Дајте му го бројот 10. Класата го заслужува“, „Едвај чекам да го видам“.
Под објавата на Милан на X, коментираа и некои навивачи на Реал Мадрид, пишувајќи дека ги боли да го видат во дресот на друг клуб и барајќи од Милан да се грижи за нивната легенда, но има и такви кои не мислат дека направиле добар потег на Сан Сиро.
„Му посакувам на Лука и на клубот се најдобро, но не ја разбирам причината за неговото доведување. Нема да игра ниту 90 минути“, „Овој клуб ги продава најдобрите таленти како Донарума и Тонали и создава возбуда со доведувањето на истрошениот 40-годишен Модриќ. Италијанскиот фудбал е завршен“, „Преценети“, „Ако мислите дека 40-годишник, дури и да е шампион, може да ги реши проблемите на вашиот тим, тогаш сте поглупави отколку што мислев“, „Дедо“, се некои од коментарите на профилот на Милан на X.
Спорт
Прва фотографија на Модриќ со дресот на Милан

Капетанот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ (39), е нов играч на Милан.
Модриќ се приклучи на италијанскиот клуб по Светското клупско првенство, каде што последен пат играше за Реал Мадрид.
Милан ќе биде шестиот професионален клуб во богатата кариера на Лука Модриќ. Откако помина низ младинската школа на Динамо, во 2003 година беше испратен на позајмица во мостарскиот Зрињски, каде што помина една сезона. Следната сезона ја започна во Динамо, па беше испратен на позајмица во Интер Запрешиќ. Играше за Динамо во следните три сезони, а потоа во 2008 година замина во Тотенхем, каде што остана четири сезони пред да се пресели во Реал Мадрид. Помина 13 сезони во Реал.
La Scala del Calcio has a new maestro 🎻 #WelcomeModrić
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025