Свет
Најмалку 45 мртви во бомбашки напад врз џамија во Сомалија
Две експлозии во џамија во престолнината на Сомалија, Могадишу, убија најмалку 45 луѓе, а повредија уште стотици други, соопштија преставници на Африканскиот мировен корпус во земјата, пренесува CNN
Џамијата се наоѓа во центарот на пазарот Бакара во Могадишу,област која се смета за упориште на Ал-Шабааб, воинствена организација која се бори против владата на Сомалија со цел да воведе поцврста форма на исламски закон во земјата.Организацијата е на црната листа на ОН на терористички организациии и одржува блиски врскки со Ал каеда. Според Али Мусе, директор на локалната служба за итна помош, стотици повредени луѓе се префрлени во локалните болници и се очекува бројот на мртвите значително да порасне.Веднаш по експлозиите започнала оружена пресметка помеѓу милитантите од Ал-Шабааб,поддржани од борците на Хизбал ал-Ислам, исто така екстремна исламистичка група и провладиниата милиција составена од Суфи муслимани и предводена од Алу Суна.Во борбите загинале најмалку две лица, а 13 биле ранети. Портпаролот на Ал-Шабааб ги обвини „странските елементи“ за нападот, но функционери на Африканскиот мировен корпус велат дека ниту една друга група не ја презела одговорноста за нападот. Во нападот, според очевидците, загинале и двајца високи функционери на Ал-Шабааб, а еден бил тешко ранет. Џамијата ја чуваат борци на Ал-Шабааб.Сомалија, која е сместена на рогот на Африка, нема стабилна влада уште од 1991 година, а борбите помеѓу разните бунтовнички организации и владините сили предизивкаа тешка глад и една од најлошите хуманитарни кризи на светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

