Свет
Уставниот суд на Италија го разгледува законот за имунитетот на Берлускони
Италијанскиот Уставен суд денеска ја започнува расправата околу уставноста на законот за имунитет на лица на јавни функции, според кој и италијанскиот премиер Силвио Берлускони е заштитен од појавување пред суд.
Премиерот е обвинет за два случаја во Милано за корупција и затајување на данок. Двете постапки против Берлускони привремено се прекинати, но веднаш ќе продолжат доколку Судот утврди дека законот е неуставен.
Судот од 15 судии денеска на отворено рочиште ќе го разгледува овој предмет, а одлуката се очекува во четврток.
Законот на кој остро се спротивставуваше опозицијата беше усвоен во март минатата година благодарение на конзервативците на Берлускони кои го контролираат парламентот и стапи на сила следниот месец.
Според тој закон, судењата се суспендирани до 18 месеци доколку обвинетиот е „легитимно спречен“ поради тоа што е премиер или министер.
Како што наведува агенцијата Асошиејтед прес, овој закон на конзервативците на Берлускони им служи како привремена мерка за купување време пред подготовката на потраен закон што им обезбедува имунитет на највисоките функционери. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

