Надворешна политика
Средби на Груевски со челникот на законодавниот комитет на Конгресот и помошникот секретар за национална безбедност
– Премиерот Никола Груевски во Вашингтон се сретна со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот на САД, 11.01.2016
Во рамките на еднодневната посета на САД, македонскиот премиер Никола Груевски во Вашингтон во понеделникот вечерта по македонско време се сретна со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.
Во рамките на еднодневната посета на САД, македонскиот премиер Никола Груевски во Вашингтон во понеделникот вечерта по македонско време се сретна со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.
Премиерот Никола Груевски прво во американскиот Конгрес разговараше со Пити Сешн, челник на еден од највлијателните конгресни Законодавниот комитет, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и другите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од редот на Републиканската партија, информираа од службата за односи со јавноста на македонската Влада.
Груевски и Сешн ги поздравиле билатералните односи меѓу двете земји истакнувајќи заложба за личен ангажман во нивното натамошно продлабочување и унапредување. Разговарале, како што се наведува, за унапредување на економската соработка, соработката на полето на инвестициите и трговската размена, при што се размените мислења за можностите за конкретна соработка.
На средбата, исто така, се разговарало и за неопходноста и за заложбите за интеграцијата на Македонија во НАТО во функција на регионалната стабилност и безбедност. Груевски и Сешн ја допреле и темата во врска со мигрантската криза и начините за нејзино менаџирање, како и користење на искуствата на САД во оваа сфера.
Премиерот Груевски притоа ја истакнал благодарност за поддршката која САД ѝ ја овозможува на Македонија и ја потенцирал стратешката ориентација на земјата за партнерски односи со САД.
Од своја страна, Сешн, ја поздравил економската политика на нашата земја, и истакна дека ќе продолжи со своите заложби за продолжување на поддршката на американскиот Конгрес и конгресните комитети на нашата земја во областите во кои е потребно.
Соговорницте истакнале дека Република Македонија и САД ќе продолжат со блиската соработка на политички, економски и безбедносни теми во сите области од взаемен интерес.
Премиерот Груевски во Вашингтон во понеделникот имал средба и со Алан Берсин, помошник секретар за национална безбедност САД, кој е и потпретседател на Интерпол. Притоа, соговорниците разговарале за можностите за унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.