Економија
Меркел и Русеф го отворија Цебит со дијалог околу довербата

Германската канцеларка Ангела Меркел и бразилската претседателка Дилма Русеф во понеделникот навечер го отворија саемот на инфоратичка технологија Cebit 2012 кој се одржува во германскиот град Хановер.
Германската канцеларка Ангела Меркел и бразилската претседателка Дилма Русеф во понеделникот навечер го отворија саемот на инфоратичка технологија Cebit 2012 кој се одржува во германскиот град Хановер.Германската канцеларка Ангела Меркел притоа возвратила на забелешката за загриженоста на Бразил поради „монетарното цунами“ како последица на европската должничка криза, изјавувајќи дека развиените земји се загрижени поради „протекционистичките мерки“.Во обраќањето кон бразилската претседателка Дилма Русеф, чијашто земја годинава е гостин на саемот, Меркел истаканла „Ќе разговараме за кризата и за грижите коишто сите ги имаме. Претседателката зборуваше за ‘цунамите од евтини пари’ коешто ја загрижува. Ние, пак, гледаме каде се применуваат протекционистичките мерки“.Ова особено се однесува на одлуката на Бразил од минатата година да го зголеми данокот при увоз на автомобили.„Загрижени сме поради монетарното цунами, коешто го предизвикуваат разавиените земји“, изјави претходно во четвртокот Русеф во говорот пред индустријалците и синдикалните лидери. Бразилската претседателска изрази жалење затоа што богатите земји одговараат на кризата така што ги намалуваат цените за позајмување пари и задржуваат ниски каматни стапки. Според Русеф, тие евтини пари одат кон Бразил, чијашто валута е силна а каматните стапки високи. Бразил смета дека „војната на валутните курсеви“ ги поскапува неговите производи а ги намалува цените на производите од Европа и САД.Меркел зборувајќи воопштено, повикала на зголемувањето на меѓусебната доверба меѓу партнеите од групата Г20, групацијата во којашто членуваат најмноќните развиени и брозорастечки економии.„Мораме да имаме доверба едни во други, и да имаме подеднакви услови во економската размена“, рекла германската канцеларка.Инаку организаторите на Cebit очекуваат годинава зголемување на бројот на учесниците од 2 отсто, на вкупно 4.200 учесници. Саемот на кој првпат официјално учествува една јужноамериканска држава трае до 10-ти март./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.