Политика
СДСМ и денеска го критикуваше проектот Бесплатно здравство
Пратеникот на опозициските социјалдемократи остро го критикуваше проектот Бесплатно здравство, затоа што според нивните согледувања нема да имаат полза најголем дел од граѓание
„Повод за денешната прес-конференција беше вчерашната изјава на премиерот Груевски во врска со ветувањето за бесплатно здравство за сите граѓани. СДСМ ваквата негова изјава ја оценува како дрско и безобразно потценување на македонските граѓани. Ова е по којзнае кој пат промовирање на еден ист лажен проект“, рече Менде Диневски.Според пратеникот на СДСМ, во Македонија вработените граѓани плаќаат придонеси за здравствено осигурување. Досега, невработените граѓани кои се пријавуваа во Агенцијата за вработување добиваа сини картони. Останатите, кои не беа во можност да добијат сини картони по ниту еден основ имаа право на итна медицинска помош.„Еве го правилникот издаден во Службен Весник број 73 од 12 јуни 2009 година врз основа на Владините измени во Законот за здравствено осигурување. Во членот 2 се наброени условите кои граѓаните мора да ги исполнат за да добијат сини картони. Замислете што се треба да достават до Фондот за здравство: Уверение за државјанство на РМ, извод од матична книга на родени односно венчани, уверение од УЈП за остварен приход, потврда од Катастар дека не поседуваат земјоделско земјиште, лична карта и здравствена легитимација“, рече Диневски.Според него, јасно било дека ветувањето на премиерот бил „обичен популизам“, зашто според Диневски под овие строги услови и сложена постапка многу мал дел од граѓаните за кои е наменет законот или, како што прецизираше само една третина од нив ќе можат да добијат сини картони.„Останува дилемата како сега бездомниците, или граѓаните кои имаат на свое име земјоделско земјиште а не остваруваат приход од него ќе добиваат сини картони кој досега ги добиваа? Со ова се потврдува дека зад вака сложената процедура и услови всушност се крие намерата на Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за вештачко намалување на бројот на невработени лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување“, вели пратеникот на опозициската СДСМ.Диневски нагласи и дека СДСМ на ова предупредувала уште на собраниската расправа во април годинава.„Ние поддржуваме систем на бесплатно здравство за сите, но врз критериуми и услови со кои навистина сите граѓани ќе добијат основен пакет на здравствени услуги“, дополни Диневски, кој го критикуваше кредибилитетот на Груевски. „Три години лажно ветува нова медицинска опрема од 45 милиони евра, а во македонските болници нема лекови и медицински материјали, со што се намалува квалитетот на здравствени услуги. Но, затоа огромни пари се трошат на паушалите на партиските војници во управните одбори, набавка на камери и договорни услуги. Сосема на крајот, колку Владата вистински се грижи за македонското здравство говори фактот што само со последниот ребаланс Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го кратат државниот буџет наменет за здравство за повеќе од 20“, заврши Диневски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.