Спорт
Премиерот подобар фудбалер од Бербатов
Бугарските навивачи, во анкета, го избраа премиерот на државата Бојко Борисов за фудбалер на годината.
Бугарските навивачи, во анкета, го избраа премиерот на државата Бојко Борисов за фудбалер на годината. Борисов како фудбалер на третолигашот Бистрица ја прекина седумгодишната доминација на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов. Инаку, во конкуренција за добивање на наградата беа 20 фудбалери, а премиерот Борисов свои 44 отсто од гласовите, втор во анкетата, со освоени 24 отсто од гласовите беше Бербатов, додека третото место го освои Васил Лукаев играч на петтолигашот Драгор, кој освои 5 отсто од гласовите. Интересно дека долгогодишниот репрезентативец, Мартин Петров, сега играч на Болтон, го освои 15-то место, додека надвор од Топ 20 останаа асови од калибарот на Благој Георгиев, и Валери Божинов. Конечната одлука за фудбалер на годината ќе ја донесат спортските новинари, а наградите ќе бидат доделени на 23 декември во Софија. Според традицијата победниците ќе добијат златна, сребрена и бронзена топка. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер“
Жан Тод, поранешен шеф на Ферари, вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.
Славниот Германец пред 11 години падна на скијање во француските Алпи, доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.
„Јас сум во редовен контакт со Мајкл и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. Семејството избра да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.
Неодамна се појави информација дека Шумахер бил присутен на венчавката на неговата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак во јавноста се појавија фотографии.
Спорт
Шекил О’Нил: И со вишок килограми Дончиќ е подобар од 99 отсто од бековите во НБА
Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.
За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.
За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.
„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.
Спорт
(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77:73).
I com sempre , Hezonja . Té les neuronas justes perqué no li caigui la baba pic.twitter.com/q0a4cDqsLm
— eugeni (@eugenitriquell) January 31, 2025