Македонија
Да се зајакне контролата врз прислушувањето, порачува ЕК
Закон за електронски комуникации е изготвен, вклучувајќи ги техничките одредби за обврските на телекомуникациските оператори во однос на спроведување на наредбите за следење.
Имплементацијата на Законот за прислушување ја зајакнува ефикасноста на истрагите. Но, директното вклучување на министерството за внатрешни работи во одобрувањето на употребата на прислушувањето е во спротивност со ЕУ стандардите. Освен тоа, надворешните механизми за надзор треба да се зајакнат.
Ова стои во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во областа на правдата слободата и безбедноста.
„Забелешката во извештајот е согледување и нивна перцепција за земјата и е сериозно прашање за разгледување. Сметам дека институциите кои се надлежни за спроведување на контролата, а во конкретниот случај тоа е Собранието, сериозно ќе ја разгледаат и ќе преземат соодветни активности за поголема мобилизација и зголемување на нивната ажурност по однос на постапување по евентуалните предмети, вршењето на контролата и сето она што е утврдено со прописите како нивна надлежност. Како што знаете Собранието има фомрирано посебна комисија за овие прашања и исклучиво нејзнина е надлежноста да врши контрола и да утврдува доколку постојат одредени недоследности при примената на прописите. Сметам дека ќе ја погледнат оваа заблешлка и ќе најдат начин да се осврнат на оваа забелешка“ изјави минситерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која изрази задоволство од извештајот во делот на правдата, слободата и безбедноста и во сите области каде е вклучено министерството за внатрешни работи.
Tаа направи споредба со Хрватска и Турција, кои се кандидати за влез во ЕУ и констатираше дека Македонија има најголем напредок.Додаде дека МВР е отворено за соработка со Собранието и дека тие секоја година доставуваат извештај со Собранието.
Во однос на употребата на прекумерна сила од страна ан аалфите, иако бројката на пријави е намалена сепак се забележани низа појави каде што се прекршени човековите права. Комисијата констатирала дека се уште има такви појави. Министерката вели дека нивната цел е што повеќе да се намали бројот на пријавите.
„Извештајот ги рефлектира реалните состојби. Намален е бројот на претставки, намален е бројот на поплаки, намален е бројот на предмети во кои е утврдено дека има пречекорување на полициските овластувања, меѓутоа овој број не е доведен на нула. Практично делот на извештајот што збрува за ваквите случаи се однесува токму на таа бројка што секако постои. Наша цел е таа бројка да биде колку што е можно помала, секако доколку успееме да биде нула тоа би било една идеална ситуација и можам да кажам дека ќе продолжиме со нашите напори и активности да ги охрабриме граѓаните да продолжат да пријавуваат секогаш кога ќе почувствуваат злоупотреби“ рече Јанкулоска.Европската комисија ги зајакна контролите на границите, заради големиот број на Македонци кои побараа азил во западноевропските земји. Министерката за внатрешни работи рече дека МВР ќе продолжи со активностите на превентивен и репресивен план за да не биде доведена во прашање визната либерализација.
„МВР со оглед на нашите законски надлежности презема и низа репресивни мерки во поглед на откривање на евентуалните злоупотреби при користење на безвизниот режим и токму на овој план , МВР во соработка со другите надлежни институции веќе процесуираше неколку поднесоци во зависност од тежината на повредите на законите кои пред се однесуваат на туристичките агенции, односно организаторите на патувањата, каде се сомневаме дека е направена одредена злоупотреба, во смисла на доведување во заблуда на граѓаните кои заминале во некоја од западноевропските држави со намера да аплицираат за азил, а притоа значи дека граѓаните не можат по ниту еден основ да добијат право на азил во западноевропксите земји. Во периодот што следува ќе продолжиме со ваквите активности и на превентивен и на репресивен план, бидејќи не сакаме и сметаме дека не е во ред визната либерализација да биде доведена во прашање, заради одредени злоупотреби кои се направени од страна на мал број на луѓе“ додаде Јанкулоска.
Заклучокот на министерката е дека Европската комисија забележала напредок во сите области кои се однесуваат на министерството за внатрешни работи.
“Забележаниот напредок во сите области од поглавјето значи континуитет во реформите и го одразува нашиот став дека нема да застанеме, ниту да се задоволиме со оценките колку и да се позитивни, се додека во целост не ги имплементираме европските стандарди“, рече Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Предвидени се, додава, законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка во процесот на откажување од оваа зависност.
-Зависноста од никотин претставува медицински и јавноздравствен проблем. Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето, така што примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето, посочува Алиу.
Воедно, како што вели, во рамки на законските одредби јасно се утврдени надлежните инспекции, санкциите за непочитување, како и улогата на локалните власти во спроведувањето на законот.
Македонија
Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани
Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3.153.204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15.968 денари, а кај други 19 лица, кај секој, распределени се по 45.992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319.292 денари.
Ова вчера го соопштија волонтерите од „Супорт Кочани“, иницијатива формирана веднаш по катастрофалниот пожар од 16 март минатата година во кочанската дискотека „Пулс“.
Средствата од третата распределба преку заедничката наменска сметка се донации кои потекнуваат од Македонската православна епархија за Европа и од ослободена провизија од НЛБ Тутунска банка.
Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба, порачуваат волонтерите.
Во трите распределби до сега, преку иницијативата „Супорт Кочани“, на 142 лица кои потпишале потреба за помош им се донирани во бруто износ вкупно 22.742.997 денари. Од оваа сума на име персонален данок (ПДД), исплатени се вкупно 2.274.285 денари.
Македонија
СДСМ: Орбан и Мицкоски го шират влијанието на Балканот
СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, предупредувајќи на ширење на унгарското влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот. „Политичката и бизнис спрега на релација Орбан–Мицкоски влијае и врз Македонија“, се наведува во соопштението на партијата.
Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам ги снимаше покажуваат дека имал само неколку кратки средби со партнери, меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG.
СДСМ укажува дека унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром. „Овој обид не е само бизнис потег, туку е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот“, се вели во соопштението.
Партијата посочува дека Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија и други области на бизнисот, а сега се фокусира и на енергетскиот сектор, вклучително планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта поради санкциите. Двете земји, според СДСМ, и понатаму одржуваат блиски односи со Русија, иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ.
„ВМРО продолжува да копира модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси“, предупредуваат од СДСМ, додавајќи дека ваквите чекори ја загрозуваат европската иднина на Македонија. Партијата повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија.
„Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност. Борбата за праведна и европска Македонија продолжува!“, велат од СДСМ.

