Контакт

Македонија

Бонева: Законот за МВР е концепт за европски стандарди во безбедноста

Објавено пред

По донесувањето на Законот за МВР, опозицијата и натаму тврди дека тој овозможува управување со тајната полиција и партиски вработувања. Владејачката партија пак објасни дека тој донесен во соработка со меѓународни експерти и по нивно барање, токму за избенување чија и да е контрола врз нив

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека немало никаков договор со ДУИ за да се натераат нивните пратеници да го гласаат вчера донесениот Закон, а опозицијата и натаму обвинува дека според неа во Македонија не функционираат законите, туку само коалиционите договори. „Вчера стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не важи ниту Устав ниту закон ниту владеењето на правото, ниту па за нив е важно исполнувањето на европската агенда и носењето на што поквалитетни Закони во Република Македонија, за нив единствено важат политичките пазари со коалиционите партнери. Вчера, донесувањето на Законт за внатрешни работи значи за ВМРО-ДПМНЕ добивање тајна полиција, којашто ќе се користи во партиски цели и ќе нема никаква контрола, а за ДУИ нови партиски вработувања“, изјави денеска во Собранието, потрпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ. Според него, како што ќе паѓа рејтингот на македонскиот премиер, така цената на ваквите пазари ќе станува повисока и ќе оди на директна штета на граѓаните и на државата. Законот за внатрешни работи, кој пред еден месец беше повлечен од собраниска процедура, претрпе измени во делот за напредување во кариерата, но не и во делот за Управата за безбедност и контраразузнавање, што го бара опозицијата. Од власта тврдат, дека во изминатиов период имале многу средби со колегите пратеници од опозициските партии и дека вчера изгласаниот Закон е донесен консензуално, а дека за измени во делот на УБК потребно е повеќе време.„Сосема е јасно зошто беше повлечен Законот за внатрешни работи, всушност бил повлечен за да се договорат партиските вработувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За жал во Република Македонија е фактот дека не функционираат законите во нашата држава туку функционираат договорите и тоа тајните договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.Според него, ваквата постапка е уште еден автогол и тоа пред крајот на натпреварот, алудирајќи на кусото време преостаното за добивање на Извештајот од Европската Комисија, што треба да стигне во средината на октомври.„Овој закон беше посочен како закон којшто треба да не’ доближи до Европската Унија, којшто треба да ни овозможи позитивен Извештај и се разбира да ни овозможи добивање датум за преговори. Напротив ќе потсетам на шестата одредница од осумте односно деветте коишто ги имаше Република Македонија, каде што вели: Да се обезбеди вработувањето и напредокот на кариерата на државните службеници, да не бидат предмет на политичка вмешаност. Сосема спротивно на шестата одредница којашто беше услов, денеска слушнавме дека имаме вработување типично по партиска припадност“, рече Жерновски.Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека веќе подолго време се обидуваат во Собранието  да постигнат консензус со опозицијата околу Законот за внатрешни работи, укажувајќи дека делот кој го бара Европската Комисија е усогласување на критериумите за напредок во кариерата.„Во овој момент се бараше од нас од ЕК усогласување во делот за напредок во кариера и тоа се обидувавме во многуте средби коишто ги имавме со опозицијата да им укажеме, се со една единствена цел да можеме Законот да го донесеме заеднички со консензус, бидејќи немаше расположение од нивна страна, се бараше да се направат реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање, а тоа не е можно да се направи брзо и временскиот период кој е потребен за извештајот на Европската Комисија, отидовме само на промени во тој дел со обврска во иднина да продолжи системот на реформа во внатрешните работи, во другите работи од Законот“, изјави денеска Силвана Бонева.Според неа, Законот за МВР и реформите кои се бараат во УБК се многу опсежни и за нив е потребно подолг временски период, а за нив не треба да одлучува само Министерството за внатрешни работи, туку се работи за концепт на реформа на безбедносниот систем во која се вклучени и другите две Агенции. Бонева вели дека вчера побарала да се тргне Законот од дневен ред на вчерашната седница за да дојде Министерката за внатрешни работи и заедно во еден неформален амбиент на заедничката координација со опозицијата сите да се информираат.„Од страна на Министерката беше објаснето дека во промените на законот токму во тој дел учествувал и претставник од страна на Европската комисија и дека тоа е тоа што го бара во мементов Брисел од нас, но тоа не значи дека реформите и натаму нема да продолжат во делот којшто ги интересира опозицијата а тоа е интерес и на другите пратеници во Собранието“, додаде Бонева.„Јас не можам да ви дадам одговор што се случува во Министерството за внатрешни работи, колкав е процентот на раководни лица, коишто ги имаат претставниците на ДУИ, но знам едно – дека сите ние треба да ги почитуваме европските критериуми, и критериумите за напредок во кариерата кои се базираат на компетентност и на стручност. Кај нас овој процес се усложни заради принципот на правична и етничка застапеност“, рече Бонева.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.

фото/МВР

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата

Објавено пред

Од

Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.

Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.

,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.

Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.

,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност

Објавено пред

Од

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.

dobivaj vesti na viber

„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.

Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.

„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.

Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.

„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ12 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија13 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија15 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура16 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија17 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија17 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија19 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија19 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет21 час

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет21 час

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет21 час

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија21 час

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа21 час

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...