Македонија
Почнува голема воена вежба „Македонски блесок 05“
Голема воена вежба „Македонски блесок 05“ започнува во понеделник и ќе се одвива во касарните Илинден во Скопје, Јане Сандански во Штип и на Криволак
Голема воена вежба „Македонски блесок 05“ започнува во понеделник, а до 28. октомври ќе се одвива во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и на полигонот „Криволак“.
На вежбата единиците на АРМ ќе бидат оценувани според НАТО стандардите – Самооценување Ниво 2 CREVAL, со што ќе се знае дали одредена единица е оспособена за извршување мисија.
На вежбата „Македонски блесок 05“ ќе учествуваат околу 1.000 припадници на АРМ, од кои 730 ќе бидат оценувани, додека останатите ќе пружаат логистичка поддршка.
Главни учесници на вежбата ќе бидат декларираниот среден пешадиски баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада, како и декларираната чета на воена полиција од баталјонот на воена полиција.
Освен македонските оценувачи, на вежбата ќе присуствуваат и претставници на НАТО од Командите во Неапол и Мадрид, кои ќе ја контролираат работата на оценувачите.
„На крајот на вежбата единиците добиваат оценка ’Подготвена’ или ’Неподготвена’. Ако се добие позитивна оценка, тоа значи дека единицата е целосно пополнета со персонал, обучена, опремена и обезбедена со потребните ресурси и резерви во организациска смисла“, изјави потполковник Ѓоко Максимов, кој е главен на оценувањето.
Ова е прва вежба од ваков поголем формат, бидејќи како што најавуваат од АРМ, ќе земат учество поголем број војници, опрема и вооружување, а на полигонот „Криволак“ ќе се употребува и боева муниција.
Доколку единиците на АРМ успешно ја завршат вежбата, се стекнуваат со оспособеност која ја немаат и некои армии членки на НАТО. /крај/ст/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

