Свет
Судири пред квалификациите во Формула 1 во Бахреин
Судири меѓу демонстрантите и силите за интервенција избувнаа во петокот навечер во шиитските села недалеку од автодромот Шахира каде што во саботата се одржуваат квалификациите за гран при на Формула 1 во Бахреин.
Повеќе десетици лица протестирале на влезот во Карзакан, Ал-Малики, Думистан и Сади, села сместени неколку километри од автодромот, на дваесетина километри од главниот град Манама.
Млади лица маскирани со „фантомки“ палеле гуми на патиштата коишто ги поврзуваат нивните села и фрлале камења и молотови коктели кон безбедносните сили кои ги растерале со употреба на солзавец.
Масата извикувала непријателски пароли против владата, скандирајќи „Долу Хамад“, алудирајќи на кралот Хамас бен Ису ал-Калифа, на протестите што ги организирало движењето „Младите од 14-ти февруари“. Ова движење повика на „три дена гнев“ од петокот до неделата под пароолата „Не за крвавата Формула“.
Првиот тренинг пред неделната трка од Светското првенство во формула 1, Големата награда на Бахреин, беше одржан во петокот на патеката во Шахира во тмурна атмосфера, практично без гледачи и со големи мерки на обезбедување.
Пред тренингот се разгореа протестите во селата коишто ја опкружуваат бахреинската престолнина, но далеку од местот на одржување на трката. Полицијата употребила солзавец за да ги растури демонстрантите. Безредијата во Бахреин, инаку, избувнаа минатата година по почетокот на демократските протести по народните востанија во Египет и Тунис, односно почетокот на ткн Арапска пролет. Со Бахреин владее династијата Ал-Калифа, сунитска династија којашто владее со мнозинството шиитско население, Протестите минатата година беа задушени и притоа загинаа десетици луѓе, но младината и натаму секојдневно се судира со полицијата, а илјадници луѓе учествуваат на опозициските протести.
Минатата година трката од Формула 1 во Бахреин беше откажана поради немирите, а и одржувањето на годинешнава беше доведено под знак прашање, поради лошата ситуација со човековите права во земјата.
„Поголем број бунтовници и вандали се упасени поради учество во нелегални собири, блокирање патишта и загрозување на животите на луѓето коишто ги нападнаа со молотови коктели, железни шипки и камења“, соопштија бахреинските власти. Меѓутоа, опозициските активисти ги обвинуваат властите дека ја користат трката за поправање на својот нарушен меѓународен углед./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

