Свет
НАСА: Снимен центарот на ураганот ЕРЛ кој му се заканува на САД
На сателитските снимки од ураганот Ерл, кои ги објави НАСА, се гледа дека ураганот веќе го има поминато подрачјето на Карибите и дека се движи кон источниот американски брег, пренесува „Блиц“.
На сателитските снимки од ураганот Ерл, кои ги објави НАСА, се гледа дека ураганот веќе го има поминато подрачјето на Карибите и дека се движи кон источниот американски брег, пренесува „Блиц“.
Според најавите на Националниот центар за урагани, Ерл ќе пристигне во Њујорк вечерта помеѓу среда и четврток. Градот веќе е подготвен за доаѓањето на разорна олуја.
Брзината на ветрот, кој ги помина Карибите, достигна 200 километри на час, а по ударот во источниот брег, според предвидувањата би можела да се врати кон морето.
Метеоролозите предупредуваат дека движењето на ветерот треба да се следи многу внимателно, за да можат државите Северна Каролина и Мејн навремено да се подготват за неговото доаѓање.
Ураганот Даниела, чие доаѓање исто така со страв се очекува и кој досега однесе два човечки животи, во меѓувреме ослабе некаде во северниот дел на Атлантикот, но Националниот центар за урагани предупредува дека на истото подрачје на Атлантикот веќе се формира нова олуја под името Фиона.
Но, се очекува дека Фиона нема да се зајакне до ниво на ураган./крај/бл/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

