Свет
Масовно убиство во Тексас-петмина мртви

Пет безживотни тела од кои едно на дете се пронајдени во понеделник наутро во една куќа во градот Белвил, во сојузната американска држава Тексас, јавија медиумите во САД.
Пет безживотни тела од кои едно на дете се пронајдени во понеделник наутро во една куќа во градот Белвил, во сојузната американска држава Тексас, јавија медиумите во САД.Се претпоставува дека станува збор за петкратно убиство, а локалната полиција веќе приведе едно лице за кое се претпоставува дека го извршило злосторството.Полицијата се уште не ги открива деталите за случајот, ниту дали убиените биле во меѓусебна роднинска врска.Градот Белвил, кој се наоѓа недалеку од Хјустон има 4.000 жители, е познат како мирно место во кое ретко се бележат убиства./крај/ин/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран: Фативме германски државјанин за шпионажа во воени и нуклеарни зони

Иранските власти уапсија германски државјанин под обвинение за шпионажа во чувствителни воени и нуклеарни области, објави државната телевизија Канал два.
Во извештајот , уапсениот е опишан како „еврејски германски државјанин со двојно државјанство и шпион“. Тој беше прикажан во притвор во иранската централна провинција Маркази, а властите тврдат дека е под истрага за „десетици случаи на шпионажа и/или саботажа“.
Според извештајот, тој влегол во Иран преправен во турист, но наводно снимал чувствителни области низ земјата. Во последните денови, има значително зголемување на апсењата на луѓе за кои Иран тврди дека се поврзани со Израел.
Неодреден број луѓе во неколку провинции, вклучувајќи ги Маркази, Исфахан и Техеран, се приведени под слични обвиненија од почетокот на израелските напади врз Иран.
Свет
Трамп вечерва го собира својот тим за национална безбедност поради Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата куќа ќе свика клучен состанок на неговиот тим за национална безбедност, на деветтиот ден од војната меѓу Израел и Иран, пренесува Аксиос.
Средбата ќе се одржи во салата за кризни ситуации, а се очекува на дневен ред да се најде и прашањето за потенцијалниот американски одговор на продлабочената регионална ескалација.
Според информациите од повеќе извори, средбата може да означи пресвртница во актуелната американска стратегија на воздржаност. Пред неколку дена Трамп изјави дека ќе донесе одлука за евентуален воен одговор на САД во рок од две недели, но фактот што вечерва го собира својот безбедносен врв укажува дека одлуката може да дојде и порано.
Според очекувањата, на состанокот треба да присуствуваат секретарот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џеј Ди Венс, шефот на дипломатијата Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ратклиф, директорот на Националното разузнавање (ДНИ) Тулси Габард, началникот на Здружениот штаб генерал Кејн и специјалниот пратеник за Иран Џејсон Виткоф. Станува збор за луѓе кои го сочинуваат внатрешниот безбедносен круг на претседателот и кои се вклучени во секојдневните консултации од почетокот на конфликтот.
Свет
Ердоган до Иран: Обновувањето на нуклеарните преговори со САД е единствениот пат до решение

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на иранскиот министер за надворешни работи дека продолжувањето на нуклеарните преговори со САД е единствениот начин за решавање на конфликтот со Израел и спорот околу иранската нуклеарна програма, објави Ројтерс.
Ердоган денеска во Истанбул се сретна со заменик-шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи и изјави дека Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник во повторното започнување на преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
Турскиот претседател оцени и дека израелскиот напад врз Иран непосредно пред евентуалниот почеток на преговорите со САД е „чин на саботажа“.