Свет
Чиле погоден од 8.8 земјотрес, предизвика цунами
Цунами се заканува да го погоди брегот на Чиле по силниот земјотрес кој утринава го погоди Пацификот, недалеку од крајбрежјето на оваа латиноамериканска држава, соопштија американските сеизмолози.
Цунами се заканува да го погоди брегот на Чиле по силниот земјотрес кој утринава го погоди Пацификот, недалеку од крајбрежјето на оваа латиноамериканска држава, соопштија американските сеизмолози.
Епицентарот на земјотресот кој бил со јачина од 8.8 степени според Рихтер бил регистриран на 91 километар од чилеанскиот град Консепсион и 110 километри оддалеченост од градот Талке.
Пацифичкиот центар за Цунами издаде предупредување дека силен бран може да ги погоди Чиле и Перу.
Според нивните информации веќе билe регистрирани бранови со големина над два метри.
“Силните земјотреси како овој се потенцијална опасност да предизвикаат разурнувачко цунами кој може да ги погоди крајбрежните области во близина на епицентарот на земјотресот. Тоа може да се случи во следните неколку часа”-се вели во извештајот на Националниот Центар за метеорологија.
Досегашните информации од теренот не говорат за евентуални жртви ниту за материјални штети но сепак постои предупредувањето од појава на големи бранови како последица на потресот.
Предупредувањето за цунами се однесува и на крајбрежјето на Колумбија, Панама и Костарика.
Американскиот геолошки институт информираше дека земјотрес од поголеми размери утринава бил регистриран и во Јапонија чија јачина достигнала седум степени според Рихтер. Тамошните власти истотака предупредиле на појава од цунами/крај/бт/вм
Најнова поврзана вест: Втор потрес во Чиле, регистрирани првите жртви
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Маск нема да биде претседател на САД, дури и да ја сака работата, нема да може да ја добие
Технолошкиот милијардер Илон Маск нема да биде претседател на САД, изјави новиот американски претседател Доналд Трамп, отфрлајќи ги забелешките на демократските пратеници дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија, откако неговата онлајн кампања помогна да се намали сметката за владините трошоци, пренесуваат медиумите во светот.
Некои демократски лидери изразија загриженост за несоодветното влијание на Маск врз републиканскиот политичар, имплицирајќи дека Трамп му ја отстапил претседателската функција на технолошкиот милијардер.
Одржувајќи го својот прв говор по изборите во ноември во Феникс, Аризона во неделата, Трамп ги отфрли тврдењата.
– Не, тој нема да биде претседател, тоа можам да ви го кажам – рече тој.
– И јас сум сигурен. Знаете зошто не може? Тој не е роден во оваа земја – рече Трамп.
Дури и милијардерот да ја сака работата, тој нема да може да ја добие бидејќи американскиот устав налага американскиот претседател да биде државјанин со природно потекло, додека Маск е роден во Јужна Африка, објасни Трамп.
Забелешките доаѓаат кога демократските политичари неодамна имплицираа дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија. Тврдењата следат по агресивната кампања на милијардерот да го истурка двопартискиот предлог-закон за финансирање на владата, во кој тој го нарече предлогот за трошење „криминален“, „безобразен“ и „еден од најлошите закони напишани некогаш“.
Маск и претприемачот Вивек Рамасвами се назначени да раководат со Одделот за владина ефикасност (DOGE), нова иницијатива со задача да го намали државниот отпад и да ја рационализира федералната бирократија, стои во написите.
Свет
Гренланд не е на продажба: порака од премиерот до Трамп
Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот Муте Егеде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на овој арктички остров.
„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Ројтерс.
Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хаури, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа Tryth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.
Американскиот конгресмен од Грузија, Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември предложи, САД повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој и припаѓа на Данска, пренесува Танјуг.
Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.
„Волстрит журнал“ тогаш објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“ содржи огромни наоѓалишта на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер. Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика. Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.
САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Вториот обид да се купи се случил во 1910 година, а во 1946 година американската влада и понудила на Данска понуда од 100 милиони долари, која ја одбила.
Свет
Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот
Мал авион се урнал само неколку моменти по полетувањето од аеродром во Шкотска.
Инцидентот се случил на аеродромот Фајф денеска нешто пред 12 часот. Како што пишува британски Метро, авионот кој штотуку полетал паднал во ливада во близина на аеродромот.
BREAKING: UK airport plane crash horror as police scrambled to downed aircraft https://t.co/OeksyoW0tg pic.twitter.com/EZD2M1s4Na
— The Mirror (@DailyMirror) December 23, 2024
На местото на падот на авионот пристигнала полицијата и го обезбедила целиот простор, како и екипи за итна помош. Во моментов не се знае колку патници имало во авионот, како и дали има повредени или жртви.
#BreakingNews :-Plane crashes into hill just moments after taking off from #UK airport #PlaneCrash #Fife#Scotlandhttps://t.co/T0U7bRvIQ4
— EBCNEWS (@ebcnewss) December 23, 2024
„Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек“, соопшти шкотската полиција.
Шкотската противпожарна служба испрати добро опремена спасувачка единица на местото на несреќата.
Екипите остануваат на лице место откако дополнителните служби пристигнале со хеликоптер.