Македонија
Македонија ја намалила корупцијата, на 67. место во светот
Македонија е на 67-то место според индексот на перцепција на корупцијата во 2013 година во објавениот извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2013 година, што претставува подобрување за две места во однос на рангирањето од претходната година.
Од земјите во регионот пред Македонија се Хрватска на 57 место, Турција на 53., Словенија на 43 место. Македонија го дели 67. место со Црна Гора.
Повеќе корупција во регионот отколку во Македонија има во БиХ и Србија коишто ја делат 72. позиција, Бугарија е 77, Грција 80, Косово 111, а Албанија е на 116 место.
Од рангираните 177 држави, најмалку корупција има во Данска, Нов Зеланд и Финска, а најкорумпирани се Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.
Транспаренси интеренешел констатира дека корупцијата останува сериозен проблем во светот. Апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции.
Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде што корупција е најмалку застапена, додека 0 добиваат најкорумпираните./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

