Македонија
Фокус: Македонците ги победија Молдавците по бројот на бугарски пасоши

Македонците се на врвот на листата по бројот на добиени бугарски државјанства во првите шест месеци од годинава, објави новинската агенција „Фокус“.
Македонците се на врвот на листата по бројот на добиени бугарски државјанства во првите шест месеци од годинава, објави новинската агенција „Фокус“. Од вкупно 9.309 доделени државјанства, 7.201 биле доделени на македонски граѓани. „Тие се првенци и овој пат ја победија Молдова, со која беа изедначени“, изјави Божидар Димитров, министер без ресор, задолжен за Бугарите во странство за „Фокус“. Само на денешната седница на Советот за бугарско државјанство, вкупно 271 македонци станале државјани на источниот сосед. „Веќе ќе можеме да направиме точна пресметка за тромесечието – колку лица добиле бугарско државјанство. Тоа е за два и пол пати повеќе, отколку за шестмесечието за време на претходните години. Во однос на Македонија бројката е четири пати повеќе. Тоа е така, поради тоа што молбите поминуваат полесно и поради тоа што не бараме доказ за бугарско потекло. Државата прифаќа дека сите Македонци се со бугарско потекло“, изјави Димитров. Но, според Димитров, доколку Македонец од муслиманска вероисповед побара бугарско државјанство, ќе мора во молбата да приложи и доказ за бугарско потекло. /крај/фо/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.