Свет
Го оштетил Фондот за здравство за 7,7 милиони денари
Вршителот на должноста директор на битолската Клиничка болница, Дејан Ристевски (44), со незаконски дејства го оштетил Фондот за здравство за 7,6 милиони денари, поради што полицијата против него поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
БИТОЛСКА БОЛНИЦА
Вршителот на должноста директор на битолската Клиничка болница, Дејан Ристевски (44), со незаконски дејства го оштетил Фондот за здравство за 7,6 милиони денари, поради што полицијата против него поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Осомничениот го извршил делото во периодот од 2001 година до крајот на минатата година.
Истрагата утврдила дека Ристевски, спротивно на Законот за јавни набавки, и без тендер, избирал најповолни понудувачи со кои склучувал непосредни спогодби за обезбедување на објектите на болницата, за извршување занаетчиски работи, набавка на мебел, компјутери, оптички и медицински материјали, за изработка на проекти и друго.
Ристевски донесувал решенија за избор на најповолен понудувач, без притоа да ја вклучи Комисијата за јавни набавки. Тој преку договори во четири очи ги издавал под закуп деловните простории на клиничката болница и објектите што се предмет на денационализација. Иако против Ристевски е поднесена кривична пријава, а бил повикан и на разговор во полициската станица, истражниот судија не му е изрекол мерка притвор.
Пред месец и половина во Управата на болницата во Битола влегоа финансови и полициски инспектори, кои ја чешлаа документацијата. Истовремено Ристевски бил повикан на информативен разговор во битолската полиција. Тој пред медиумите изјавуваше дека во ниту еден момент не работел незаконски, поради што и немало основа кривично да биде гонет. Ристевски е кадар на ЛДП и еден од кандидатите за нов директор на битолската болница. (Д.В.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.
Свет
Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите
Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.
Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.