Македонија
Фуере: Градењето на згради и споменици да се одвива со соодветна консултација
Градењето на згради и споменици со јавни пари треба да се одвива со соодветна консултација и јавна дискусија, вели евроамбасадорот Ерван Фуере, коментирајќи го неделниот инцидент на скопското Кале, поврзан со изградбата на црквата музеј.Повикува владата и чинители во општеството да работат заедно со цел спречување на сличен инцидент во иднина. “Ова е голема грижа, поради тоа што тензиите јасно ја подвлекоа длабоката недоверба што продолжува во општеството. Го поздравувам соопштението испратено од владината коалиција, но повеќе треба да се направи со цел да се осигура дека ваков инцидент нема да се случи повторно. Владата треба да работи повеќе со сите сектори во општеството и под никои околности не треба да има понатамошна акција во однос на градењето на тврдината се додека нема соодветна дискусија. Никој не може да биде против дискусија, дијалог со цел сите заинтересирани култури бидат земени в предвид. Затоа уште еднаш ја повикувам владата, владејачките партии заедно со сите партии и граѓанското општество да работат заедно и да спречат таков инцидент повторно да се случи, што може да ескалира и да создаде проблеми за оваа земја“, рече Фуере.Евроамбасадорот смета дека сите потези, вклучувајќи го подигнувањето на градби и споменици со јавни пари треба да се случуваат со соодветна консултација со општеството.„Одговорните треба да ја имаат на ум сериозноста на нивните потези. Затоа владата мора да го превземе водството во работата со сите сектори во општеството. Има градење на згради и споменици што се случува без соодветна консултација. За сите овие потези треба да има соодветна консултација, поради тоа што, покрај се, се користат јавни пари и граѓаните имаат право да знаат како овие јавни пари се трошат“, вели Фуере.Запрашан за улогата на вработен во холандската амбасада во неделниот инцидент, Фуере со став – треба да се работи на откривање на основната причина на проблемот, а не на стигматизирање на поединци.„Мислам дека холандската амбасадорка јасно се произнесе во врска со тоа. Во исто време, сметам дека е погрешно да се посочува на една индивидуа. Ова е генерална ситуација, каде има поделена одговорност и оваа одговорност мора да се адресира на вистински начин од страна на владата, но на начин кој навистина се однесува на основната причина на проблемот, без да се стигматизираат луѓето едни со други. Имаше многу групи што беа таму и со соодветна консултација овој многу сериозен инцидент можеше да биде избегнат“, рече Фуере. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.
Македонија
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени, бара ВМРО-ДПМНЕ
СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство. Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда“, велат од партијата.

