Регион
Инцидент на летот од Тирана до Бергамо
Едно лице се обидело да ја отвори една од авионските врати за време на летот од албанската престолнина Тирана до италијанскиот град Бергамо, но тоа било спречено во обидот од страна на дел на патници.
Албанските медиумија јавија дека лицето кое се обидело насилно да ја отвори вратата на авионот, имало бројаници во рацете и имало чуден изглед, пренесува албанската телевизија Clan.
Лицето потоа било совладано од страна на обезбедувањето во авионот, а по слетување во Бергамо, тоа било спроведено на полициски испитување. Засега нема други информации околу инцидентот.
За време на драмата која траела десетина минути, меѓу патниците во авионот настанала вистинска паника, јавија истите извори.
Авионот полетал од аеродромот Ринаси кај Тирана. Инаку летот бил на авиокомпанијата „Блу Панорама“, која ги реализира летовите на релација меѓу Албанија и Италија./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.