Регион
Јанша навреди угледен свештеник и теолог

Конзервативниот лидер на словенечката опозиција и поранешен премиер Јанез Јанша на угледен свештеник и теолог заради неговата јавна критика му даде совет да побара „стручна помош“ кај психијатар или егзорцист.
Теологот и публицист Бранко Цестник, кој пред две години се споменуваше и како кандидат за едно од највисоките места во словенечката црковна хиерархија, во разговор за неделникот „Младина“ изрече неколку критички оценки за Јанша, а посредно му порача дека би било добро да се повлече.„Јанша дојде во позиција на централен политички лик кон кој сите се одредуваме како кон некој месија. Затоа понекогаш во себе иронично велам дека би требало да се смилостиви над нас и да си замине, најмногу заради нас бидејќи како таков, ни претставува голем психолошки товар што тешко го поднесуваме“, рече Цестник.Јанша иронијата не можел да ја истрпи, па Цестник веднаш го искритикувал преку коментар објавен на неговиот твитер профил, алудирајќи дека Цестник е под влијание на посткомунистичката левица која преку некогашната УДБА знаела да го контролира свештенството.Јанша уште додаде дека свештеникот што го дал интервјуто за антиклеричниот неделник со екстремно леви позиции би морал да побара „соодветна здравствена помош ако мисли дека е опседнат“ или, пак, да појде кај „егзорцист“ од него да ги избрка духовите. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.