Македонија
???????? ? ??????????? ????? ????? ?? ?????
По повод „Денот на дрвото – Засади ја својата иднина“ денеска во Македонија по седми пат се одржа акцијата за садење на дрва во која беа насадени три милиони дрва, за што беа потрошени 40 милиони денари, средства обезбедени од ЈП „Македонски шуми“.
По повод „Денот на дрвото – Засади ја својата иднина“ денеска во Македонија по седми пат се одржа акцијата за садење на дрва во која беа насадени три милиони дрва, за што беа потрошени 40 милиони денари, средства обезбедени од ЈП „Македонски шуми“.Во акцијата за садење на дрвја на падините на Водно се приклучија и премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски „Оваа традиција ќе постои на многу долг рок. Не само додека е ВМРО ДПМНЕ на власт, туку и во наредните 20 години и ќе прерасне во долгорочна традиција на Македонија“ – рече премиерот Никола ГруевскиПо повод „Денот на Дрвото“, Град Скопје започна со градежни работи за партерно уредување на платото околу Милениумскиот крст, инвестиција вредна 5 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат до 24 мај кога треба да биде пуштена жичарницата, која ќе води до овој дел на Водно.Според проектот, ќе се уреди површина од 2 840 метри квадратни на која ќе се оформат два кружни исечоци. Површината ќе се покрие со природен камен кој ќе се вклопува во природниот амбиент. На платото ќе се постави урбана опрема и детско игралиште.„Платото ќе го облагороди просторот околу Милениумскиот крст, а на посетителите на врвот на Водно и на корисниците на жичарницата ќе им понуди пријатно катче за одмор и рекреација“ – изјави градоначалникот Коце Трајановски.На новинарско прашање дали ваквите активности на градот се предизборна кампања, Трајановски рече дека ова е случајно совпаѓање и не би сакал да се даде предизборна конотација„Овие активности немаат врска со предизборната кампања. Ова е предвидено во буџетот на Град Скопје во месец декември и ставено е во планот за јавни набавки на градот . Градот мора да работи и во време на предизборите“ – додаде Трајановски./крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

