Европа
Нови 17 цивилни жртви во Донецк, од кои три се деца
Додека двете конфронтирани страни во источна Украина ги разменуваат заробениците, одделот за здравство на самопрогласената Народна Република Донецк извести дека во артилериски напади во градовите Зугрес и во Донецк се регистрирани вкупно 17 нови жртви меѓу цивилите, од кои три се деца.
Во воените дејствија во градот Зугрес, во Донецката област на Украина, покрај загинатите 15 луѓе, ранети се уште и 19 лица, потврди регионалната државна администрација.
Според извештаите на локалните медиуми, украинската армија и проруските бунтовници целата ноќ кон четвртокот разменувале артилериски оган, а најмногу борби се воделе во околините на градовите Зугрес и Снежное на исток од Донецк, најголемиот град и центарот на бунтот на локалното население против властите во Киев. Според извори на РИА Новости од редовите на ткн народни милиции за самоодбрана на Донецката област, Зугрес во гранатирањето на Зугрес било погодено училиште, детско игралиште на река, градскиот стадиони и електрична централа.
„На самото место загинаа 14 луѓе, од кои две деца. Подоцна во болницата почина уште едно дете. Така, вкупниот број загинати изнесува 15 лица, од кои три се деца. Покрај тоа, 19 луѓе се здобија со повреди од разна тежина“, се наведува во соопштението на локалните власти.
Подоцна во четвртокот, во гранатирањето на центарот на градот Донецк загинале уште два цивила, соопштија бунтовниците на интернет страницата на Градскиот совет. Гранатите паднале во дворот на Првата градска болница и на приватни имоти. „Според прецизираните податоци, двајца цивили загинаа на улицата Артемовам а уште три лица се ранети“, се наведува во соопштението.
Претходно во четвртокот AFP повикувајќи се на претставник на локалните власти пренесе дека 22 цивили се убиени во последните 24 часа во минофрлачки оган на украинската армија врз источниот град Луганск кој повеќе од четири месеци е под контрола на ткн народни милиции на самоодбраната на самопрогласената Народна Република Луганс.
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права во Женева соопшти во средата дека бројот на мртвите во украинскиот судир во првите две седмици од август двојно се зголемил во однос на бројот на жртвите од крајот на јули. Заклучно со 10-ти август во Украина животите ги загубиле 2.086 луѓе. Кон крајот на јули оваа бројка изнесуваше 1.129. „Тоа соодветствува на трендот на јакнење на судирите“, изјави за Reuters портпаролката на ОН, Сесил Пуији.
Во просек, секој ден повеќе од 60 луѓе се убиени или ранети откако започна вооружениот судир во источна Украина, околу почетокот на април. Со првите денови на август, овој просек се зголемил на 70, се додава во процената на ОН. Бројот на жртвите ги вклучува припадниците на украинските војска и на проруските бунтовници, како и цивилните жртви. Бројот на ранетите е околу пет илјади, но Поуји додава дека овие бројки се многу конзервативни, односно немаат конечни потврди.
Истовремено е објавено дека на територијата на ткн Донецка Народна Република била извршена размена на заробеници меѓу бунтовниците и украинската армија. Притоа биле разменети 26 бунтовници, кои биле испратени во нивните домови, за 26 украинските војници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

