Македонија
ССК – Голем дел од реалниот сектор нема да го преживее летото
Апел за превземање на итни мерки за спас на економијата упати ССК, алармирајќи дека голем дел од реалниот сектор нема да го преживее летото
Апел за превземање на итни мерки за спас на економијата упати Сојузот на стопански комори, алармирајќи дека голем дел од реалниот сектор нема да го преживее летото.
Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Златко Калеников упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое му укажува дека условите за водење бизнис секојдневно се менуваат и се повеќе се стега обрачот околу стопанствениците.
Најпрво се стегна обрачот со секнување на извори за кредитирање, па се намали работата, се воведе Бруто плата со непроверени матрици во реалниот сектор, а згора на сето тоа, Управата за јавни приходи и Министерствата немајќи идеа како да обезбедат приходи во Буџетот ги зајакнуваат Инспекциските служби на терен, се вели во апелот.
Калеников алармира дека во реалниот сектор доведена е во прашање исплатата на даноците, исплатата на платите, а се прават и сценарија за отпуштање.
„Оттаму со овој допис сакам да Ви ги претставам потребите и предлозите од ССК, кои сметаме дека покрај донесениот трет пакет на антикризни мерки, а со оглед на новонастаната состојба, се потребни за спас на стопанството во оваа економска криза кај нас“, се вели во писмото упатено до премиерот Груевски.
Според ССК, веднаш е потребен свеж капитал однадвор од најевтиниот извор, во голем износ од 700 милиони до една милијарда евра.
Стопанствениците бараат надополнети измени во буџетот со цел истиот да има развојна (инфраструктурна) и социјална компонента кои се клучни во услови на криза.
Истовремено, се бара и поддршка за зголемување на извозот, како и директна помош во стопанството.
Сите овие предлози се со една единствена цел, задвижување на економијата. Ние мора да ја задвижиме потрошувачката преку релаксирана и стабилна монетарна политика. Сметаме дека сите други економски теории за нас, како држава се некомпатибилни. Сега ни е потребен Домино ефектот, но во насока на раздвижување на економијата, се вели во апелот упатен до Владата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

