Македонија
Протест против стопирањето на изградбата на црквата Свети Константин и Елена

Протестен собир се одржа во четврток пред локацијата каде што се гради црквата Свети Константин и Елена, во центарот на Скопје, а во организација на граѓанската иницијатива Веритас.
Организаторите изјавија дека се противат на намерата на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да направи измени на ДУП-от, со што ќе се избрише маркичката за црква.
Инаку градбата на објектот веќе е во поодмината фаза, а првично требаше да се гради на плоштадот Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Старата чаршија ќе стане вистински културен и економски центар на Скопје

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорите на Националниот конзерваторски центар и на Музејот на Северна Македонија, како и претставници на еснафот, денеска претстави еден значаен проект, кој претставува голем чекор за оживување на Старата скопска чаршија.
„Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг на Музејот на Македонија со капацитет за 60 возила и надворешниот простор за уште 60 други. За 10 дена, овој паркинг ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот и вработените во институциите овде. Ова е само првата точка од една поголема визија за трансформација на Чаршијата“, изјави Меџити.
Меџити потенцира дека проектот за Чаршијата не завршува само со отворањето на паркингот кај Музејот, туку опфаќа и други конкретни мерки, како поставување подземни контејнери за поефикасно управување со отпадот, целосна реконструкција на калдрмата на улиците Самарџиска, Ковачка, Петар Михов, Сарачка и делумно Папуџиска, како и поставување подземни кабли заедно со замена на оштетената мрежа на цевките.
„Старата чаршија ќе биде подостапна, почиста и поатрактивна за туристите, граѓаните и за бизнисите. Таа ќе стане жив културен, економски и туристички центар, каде што историјата ќе се почитува, но воедно ќе коегзистира со модерноста. Тоа била и останува мојата визија за Чаир“, изјави Меџити.
Македонија
Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагира на изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство оценувајќи дека тие се дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот рамовен договор.
Османи смета дека премиерот намерно им дозволува на министрите да даваат изјави како пробен балон, со цел да ја нормализира темата во јавноста, а потоа излегува со негирања. Тој оцени дека молкот на коалициската партија „Влен“ е шокантен и дека тоа ја потврдува нивната блискост со ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека ваквите изјави се во спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, според која доведувањето во прашање на Охридскиот договор е против американските интереси.
Министерот за правда Игор Филков претходно изјави дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, па можеби е дојдено време да се ревидира. По изјавата, Мицкоски коментира дека Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој е дел од Уставот.
Скопје
Фестивал на улична храна и на музика во срцето на Аеродром

Во паркот „Авионче“ од 5 до 8 септември ќе се одржи првиот фестивал на улична храна во Општина Аеродром (AERO Street Food Festival), при што ќе биде понудено уникатно гастрономско и музичко доживување за сите генерации.
Фестивалот се очекува да обедини 12 познати брендови за храна (Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza и Ноа Гирадико) со богата понуда од четири различни кујни: А – американска, Е – европска, Р – регионална и О – ориентална. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат специјалитети од уличната гастрономија, но и автентични традиционални јадења, проследени со богат избор на пијалаци.
Покрај храната, фестивалот секоја вечер од 17:30 до 00:30 часот ќе нуди музичка програма со настапи на врвни изведувачи (Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, DJ Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico).
Програмата ќе биде збогатена и со интерактивни активности за публиката како натпревари во брзо јадење, квизови, трки и други забавни предизвици со награди, што ќе го направи фестивалот атрактивен за младите и семејствата.
„Првиот фестивал на улична храна во нашата општина е одлична можност да се афирмира урбаната култура и заедништвото преку храната, музиката и позитивната енергија. Убеден сум дека паркот „Авионче“ во септември ќе биде новото омилено место на жителите и посетителите на Аеродром“, изјави в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Фестивалот во срцето на Аеродром се организира со поддршка од Општината, а влезот за сите посетители е бесплатен.