Контакт

Свет

"Злетово" и "Тораница" препродадени на индиска фирма?

Објавено пред

Американската компанија "Ксеминекс" не е повеќе сопственик на пробиштипскиот и на кривопаланечкиот рудник

dobivaj vesti na viber

Американската компанија "Ксеминекс" не е повеќе сопственик на пробиштипскиот и на кривопаланечкиот рудник

Нов сопственик е компанијата "Бинани", која во Бугарија поседувала еден рудник и ги презела сите обврски од купопродажниот договор

Иван Бојаџиски

 

ШТИП – Американската компанија "Ксеминекс", која кон крајот на 2004 година преку јавен тендер ги купи рудниците "Злетово" во Пробиштип и "Тораница" во Крива Паланка, ги препродала двата рудника за олово и цинк. Нов сопственик станала индиската фирма "Бинани" која од "Ксеминекс" ги презела сите обврски од купопродажниот договор. Со ова се потврдија повеќемесечните сомневања на поранешните рудари од овие два рудника дека "Ксеминекс" е несериозна компанија која нема намера да се придржува до договорот и нема да ги рестартира рудниците.

Ванчо Трајчевски, претседател на Синдикатот во Пробиштип, ни потврди дека во рударскиот град на големо се зборува  дека "Злетово" од завчера има нов сопственик. "Според нашите сознанија, индиската фирма ги презела сите обврски од американската компанија, кои изнесуваат 800.000 долари. Тука се обврските кон 120 рудари кои четиринаесет месеци беа ангажирани на санирање на рудничките капацитети, а кои не примиле плата за пет месеци додека придонесите не им се платени девет месеци. Како синдикат од новиот газда ќе бараме 125.000 долари на име пенали за нереализирана обврска од договорот за вработување на 500 рудари. Ако "Бинани" не ги даде овие пари, тогаш за нив ќе одиме на суд и кога ќе ги добиеме ќе ги поделиме на рударите кои одамна требаше да бидат на своите работни места", вели Трајчевски.

Во Пробиштип за "Бинани" се знае само толку дека компанијата поседувала еден рудник во Бугарија, а била мнозински сопственик и на фабриката за вештачко ѓубре "Зорка" од Шабац, која сў уште не била рестартирана. Индиската компанија си зела за обврска рудникот "Злетово" да го рестартира за четири месеци откако ќе влезе во него.

За потврда на оваа информација се обративме и до седиштето на "Ксеминекс" во Скопје. Прво ни рекоа дека телефонот на кој ѕвониме е на фирмата "Обелиск", иако на тој телефон порано ги добивавме луѓето на "Ксеминекс". Оттаму ни потврдија дека тие работат и за американската компанија, но не можеа да ни дадат подетаљни информации за препордажбата на рудниците, бидејќи тоа било во надлежност на директорите кои биле во Америка.

Со овој чин само продолжува голготата на двата македонски рудника за олово и цинк. Според купопродажниот договор, "Злетово" требаше да проработи во март минатата година. "Ксеминекс" се обврза во првата година да инвестира пет, а во втората уште пет милиони долари. Обврска на оваа компанија беше да вработи 500 рудари. Од двете работи не испадна ништо, а последниве месеци во управната зграда на рудникот во Пробиштип не може да се добие никој, бидејки телефоните се исклучени поради неплатени сметки. За пробиштипскиот рудник пројавуваше интересирање и руската компанија "Ром трејд" која ги купи рудниците "Бучим" и "Саса". Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во "Саса", ни изјави дека на адреса на "Ксеминекс" упатиле повеќе писма, барајќи разговори за евентуалнта можност да го купат овој рудник, ако американската компанија се одлучи да го продава."Баравме да се сретнеме зашто имаше многу написи во печатот дека рудникот во Пробиштип можеби ќе се препродава. Сакавме да видиме во каква состојба,  но одговор на нашите писма никогаш не добивме", ни изјави Прохоров.

Во Пробиштип постои голема скепса и во однос на оваа за нив матна работа. Скептицизмот произлегува од фактот дека никаков стручњак од "Бинани" не бил во Пробиштип и не извршил увид во состојбата во која се наоѓа "Злетово". Рударски стручњаци велат дека рудник не се купува на невидено и врз основа на  запишаното во книгите. Според нив, постоеле индиции дека станува збор за фирма со која управуваат истите луѓе од "Ксеминекс". Како и да е, сосема е извесно само тоа дека сега рокот за рестартирање се продолжува за уште најмалку четири месеци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

Објавено пред

Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.

dobivaj vesti na viber

Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.

Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.

Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.

Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.

Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП

Објавено пред

Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.

dobivaj vesti na viber

Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.

Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.

И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.

Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Свет

Рутe: НАТО мора да ја зајакне безбедноста на Арктикот

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс.

„Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека можеме да го направиме тоа доста брзо. Секако се надевам за 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година“, рече Руте.

Тој истакна дека сега е до командантите на НАТО да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања и дека е сигурен дека членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.

Руте рече дека за време на разговорот со Трамп, темата за експлоатација на критични минерали во Гренланд не била покрената.

Според него, напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат на ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.

Тој истакна дека конкретните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.

Руте рече дека разговарал со Трамп и за тоа како да се обезбеди безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбедува Арктикот.

„Разговаравме како да се осигураме дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до економијата на Гренланд или во воена смисла“, додаде Руте, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија2 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија3 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет3 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија5 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија6 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија7 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет7 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет8 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион8 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет8 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет9 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија9 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија10 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет19 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...