Свет
Снегот го парализираше сообраќајот во Централна Европа

Снегот што од полноќ вее во Централна Европа, како и силниот ветер што прави намети, целосно го парализираа сообраќајот во Полска и Чешка.
Снегот што од полноќ вее во Централна Европа, како и силниот ветер што прави намети, целосно го парализираа сообраќајот во Полска и Чешка.Неколку верижни судари со повеќе од 90 возила во среда го блокираа главниот транзитен правец север-југ и приодот кон индустрискиот центар Острава на истокот на Чешка.Хаосот на Чешките патишта започна во среда наутро на планинскиот север и североистокот на земјата, каде што во сметовите и на угорнините се заглавија тешки камиони.Невремето, кое на моменти ја намали видливоста на помалку од 50 метри, е причина за повеќе верижни судири во Чешка. На патот Оломоуц-Острава во неколку верижни судари учествуваа 40 автомобили и го блокираа овој патен правец.Клучната сообраќајница, автопатот Прага-Брно што го поврзува северот и југот на земјата, блокиран е по верижниот судир во кој учествуваа 50 возила. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.
Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин