Спорт
Одлична партија на Мекејлеб во победата на Монтепаски
Одиграна е првата половина на натпреварите од второто коло во кошаркарската Евролига. Во Ц групата, натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб, го предводеше Монтепаски до победата во Виљнус, кај Лијетувас Ритас
Во победата на Монтепаски од 79:75, Мекејлеб постигна 14 поени (5-9 шут од поле), на кои придодаде 2 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки. Против „своите“, одлично во дресот на Монтепаски одиграа Кшиштоф Лавринович (13 поени, 7 скока) и Римантас Каукенас (16 поени). Победа како гостин во Шоле забележа Барселона. Во победата на актуелниот европски првак од 84:77, најефикасни беа Лорбек со 20 поени и Ндонг и Наваро, кои постигнаа по 16, односно 15 поени. Најголемото изненадување го направи Бамберг, предводен од Боби Браун (23 поени) германскиот претставник со 73:61 го совлада фаворитот Олимпијакос. Покрај Браун кај Бамберг се истакнаа Хајнса со 14 и Гавел со 11 поени. Екипата од Атина ја предводеа Папалукас со 13, односно Теодосиќ и Спанулис кои постигнаа по 11 поени. Во вториот натпревар од оваа Б група, Рома во Белгија ја победи екипата на Шарлроа со 64:55. Во А групата, во Белград Партизан го победи Химки со 72:68. Американците Џаваја со 15 и Лафајет со 14 поени беа најефикасни во редовите на „црно-белите“. Каха Лаборал во оваа група победи нагостувањето во Полска, кај екипата на Проком. Шпанскиот шампион победи со 80:73, предводници во триумфот беа Уертас (12 поени, 5 скока, 8 асистенции), Бараќ (18 поени, 9 скока) и Талетовиќ (17 поени). Еден натпревар се одигра и во Д групата, во Истанбул, Ефес Пилсен убедливо со 79:63 ја совлада Валенсија. Ракочевиќ за Турскиот преставник постигна 20 поени, во чекор го следеа Тортон (19 поени, 10 скока) и Тунџери (16 поени). Вечерва второто коло во Евролигата ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите: Цибона-Фенербахче, Реал-Уникаха, Панатинаикос-ЦСКА Москва, Макаби-Жалгирис и Армани џинс Милано-Олимпија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.
Спорт
Тер Штеген на пат кон северен Лондон?
Фудбалскиот клуб Тотенхем, има желба да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.
Водечкиот спортски медиум во Каталониј, „Спорт“, пишува дека за Тер Штеген нема место во Барселона, а во Тотенхем не се задоволни од фромата во која брани Гиљелмо Викарио. Исто така, повремениот италијански репрезентативец се поврзува со Интер, но овој трансфер може да се случи дури по завршувањето на сезоната.
Тер Штеген, неодамна се врати од долгата повреда, прв голман е Џоан Гарсија, кој пристигна летово од Еспањол. Јасно е дека нема иднина на „Ноу Камп“, а доколку сака да биде во германската репрезентација на СП, мора да најде тим каде што ќе брани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Синот на Анчелоти доби отказ
Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафого. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негово прво назначување како главен тренер.
Анчелоти го водеше Ботафого во 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестото место и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес.
Претходно, Анчелоти му беше асистент на Дон Карло во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а започна како фитнес тренер во ПСЖ.
„Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Фитнес тренерот Лука Гера и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган си заминуваат со него. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност додека го водеше тимот и му посакува успех во неговите идни предизвици“, објави бразилскиот премиерлигаш, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде објавено наскоро.
Foto/ depositphotos

