Свет
ЕП го започнува сослушувањето на номинираните комесари
Сослушување на номинираните комесари, чија листа на 27. ноември 2009. година ја претстави претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, започнува во понеделник пред Европскиот парламент(ЕП). ЕП за новите 26 комесари, односно новата Европска комисија(ЕК), ќе гласа на
Сослушување на номинираните комесари, чија листа на 27. ноември 2009. година ја претстави претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, започнува во понеделник пред Европскиот парламент(ЕП).ЕП за новите 26 комесари, односно новата Европска комисија(ЕК), ќе гласа на 26. јануари на посебна пленарна седница во Брисел.Парламентот, што на 16. ноември 2009. година му ја потврди номинацијата на Баросо за втор мандат на чело на ЕК, може да ја одобри или отфрли новата Комисија само во целина.Новата комисија би требало да стапи на должност на 1. февруари, до кога на должност останува стариот состав на ЕК, иако мандатот и истече уште на 31. октомври минатата година.На именувањето и распределбата на ресорите во новата Комисија му претходеше воведувањето на новите функции според Лисабонскиот договор, кој по ратификацијата од сите 27 земји-членки на ЕУ стапи на сила на 1. декември 2009.Мандатот на комесарите трае пет години, а меѓу 26 именувани, девет се жени. Најголем број именувани комесари се од Европската народна партија, партии на европската десница, а потоа од редовите на социјалистите и либералите. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната за увоз на руски гас
Унгарија покрена постапка пред Европскиот суд на правдата против одлуката на Европската Унија за забрана на увоз на природен гас од Русија, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто тоа го соопшти на платформата „Икс“, откако во правната база на податоци на ЕУ беше објавена регулативата за постепено напуштање на рускиот гас. Намера да ја тужи ЕУ пред судот со седиште во Луксембург најави и Словачка.
Унгарскиот министер тврди дека Унгарија и Словачка не смееле да бидат прегласани при донесувањето на одлуката кон крајот на јануари. Според него, станува збор за одлука која има карактеристики на санкции и како таква требало да биде донесена едногласно, пренесе „ДПА“. Останатите 27 земји-членки на ЕУ мерката за забрана на увоз на руски гас ја третираат како прашање од трговската политика, за што е доволно квалификувано мнозинство, наведува агенцијата.
Сијарто во својата објава истакна дека европските договори јасно укажуваат дека секоја земја-членка самостојно одлучува за своите извори на енергија и добавувачи.
Тој се повика и на принципот на енергетска солидарност, кој, според неговите зборови, подразбира сигурност во снабдувањето со енергија за сите земји-членки. Тврди дека овој принцип се крши во случајот на Унгарија, која без увоз на руски гас, како што наведува, располага само со поскапи и понесигурни алтернативи.
Сијарто слични критики упати и кон Хрватска минатата година, обвинувајќи ја дека неприродно ги зголемила цените за транзит на нафта и дека нејзиниот нафтовод е недоверлив. Хрватската влада и компанијата ЈАНАФ тогаш ги отфрлија тие обвинувања, а унгарскиот министер Хрватска ја нарече и „воен профитер“, потсетува „Индекс.хр“.
Европската Унија донесе одлука според која увозот на руски гас мора да запре до крајот на 2027 година.
Унгарија е силно зависна од овој енергент и, од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, не презела конкретни чекори за намалување на зависноста од Русија, наведува „ДПА“, додавајќи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се смета за еден од најблиските сојузници на Кремљ во рамките на ЕУ.
Свет
Ново Мексико ја тужи Мета: „Профитот пред безбедноста на децата“
Во Санта Фе денеска започнува големо судење против компанијата Мета, второ вакво оваа година, по обвиненија дека свесно им овозможила на предатори да ги користат „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сексуална експлоатација на деца, ставајќи го профитот пред безбедноста. Тужбата ја поднесе државата Ново Мексико, по истрага која утврдила сериозни пропусти во заштитата на малолетниците, пишува Гардијан.
Главниот државен обвинител Раул Торез тврди дека платформите на Мета создале опасна средина за деца, изложувајќи ги на злоупотреби, уцени и трговија со луѓе. Според тужбата, дизајнот и деловните модели на компанијата го фаворизирале ангажманот на корисници, а не безбедноста. Торез претходно изјави дека Мета е „најголемото глобално пазариште за предатори и педофили“.
Мета ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека со години соработува со експерти и вовела мерки за заштита на младите, како тинејџерски профили и родителски контроли.
На судењето се очекува изнесување докази од тајна полициска операција, интерни документи според кои околу 100.000 деца дневно доживуваат сексуално вознемирување на платформите, како и наводи дека компанијата профитирала од реклами поврзани со проблематична содржина. Случајот доаѓа во време кога сè повеќе судови ја преиспитуваат правната заштита на технолошките компании според таканаречениот Оддел 230.
Свет
Кремљ потврди нова рунда преговори за крај на војната во Украина
Кремљ потврди дека оваа недела ќе се одржи нова рунда преговори за завршување на војната во Украина, со посредство на САД, и покрај продолжените борби. Според Кремљ, разговорите ќе се одржат во среда и четврток во Абу Даби, каде што се одржа и претходниот состанок.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата била кратко одложена поради преклопување на распоредите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ќе испрати делегација на преговорите.
Песков ги опиша разговорите како „многу сложени“.
Како главна пречка останува прашањето за територијата, односно дали Русија ќе ги задржи окупираните делови од Украина, особено на истокот на земјата.

