Свет
НАТО одби силен напад на исток од Авганистан

Силите на НАТО во Авганистан (ИСАФ) соопштија во саботата дека одбиле досега најсилен координиран напад од 2009 година во војната против исламистичките талибани во источната покраина Пактика, на границата со Пакистан, при што биле убиени повеќе од 25 бунтовници.
Силите на НАТО во Авганистан (ИСАФ) соопштија во саботата дека одбиле досега најсилен координиран напад од 2009 година во војната против исламистичките талибани во источната покраина Пактика, на границата со Пакистан, при што биле убиени повеќе од 25 бунтовници.Во петокот навечер на 10-годишнината од почетокот на меѓународната воена интервенција во Авганистан предводена од САД и НАТО со која беше соборен талибанскиот режим, – 7-ми октомври 2011 година, нападнати се неколку позиции што ги држат силите на Алијансата во окрузите Гормала, Саробија и Бармала, стои во соопштението на мисијата ИСАФ што го пренесува AFP.Најмалку 25 бунтовници се убиени во воздушните напади и во престрелката, додека еден војник од составот на ИСАФ е полесно ранет во експлозија на автомобил-бомба, триста метри од нападната борбена позиција, соопшти портпаролот на силите на НАТО. Покраината Пактика, како и соседните хост и Пактиа, се главните засолништа на припадниците на терористичката радикална мрежа Хакани, која одржува врски со талибаните и со Ал Каеда. Мрежата Хакани се смета за најактивна бунтовничка групации во Авганистан и организатор на најкрвавите самоубиствени напади кои први почнаа да ги изведуваат токму нејзините припадници. Хакани е осомничена и за последните големи напади во септември, како што беа нападите на американската амбасада и седиштето на ИСАФ во Кабул. Постојат сомневања и дека акани е поврзана и со пакистанската разузнавачка служба ISI./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор, реагираше НАТО

Воздушниот простор на Естонија, членка на НАТО, денес беше нарушен од три руски воени авиони, објави владата на земјата, во услови на сè понапнати околности на источното крило на алијансата.
Инцидентот се случи нешто повеќе од една недела откако повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор во ноќта меѓу 9 и 10 септември, од кои некои мораа да бидат соборени од авиони на НАТО. Западните претставници во тоа време проценија дека Русија ја тестира подготвеноста и решителноста на алијансата.
Талин соопшти дека три борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути.
„Русија веќе четири пати го наруши естонскиот воздушен простор оваа година, што само по себе е неприфатливо, но денешното нарушување, за време на кое три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено дрско“, рече министерот за надворешни работи Маргус Цахна.
„На зголеменото тестирање на границите и агресивноста на Русија мора да се одговори со брзо зголемување на политичкиот и економскиот притисок“, додаде тој.
Естонската војска потврди дека руските борбени авиони биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 со седиште во Амарија, Естонија, како дел од мисијата за воздушен надзор над Балтичкото Море.
Естонските власти изјавија дека поднеле протест до највисокиот дипломат на земјата.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, исто така, издаде соопштение, потврдувајќи дека НАТО реагираше на инцидентот и пресретна руски борбени авиони:
„Порано денес, руски авиони го нарушија естонскиот воздушен простор. НАТО реагираше веднаш и го пресретна рускиот авион. Ова е уште еден пример за неодговорно руско однесување и способноста на НАТО да одговори.“
Свет
Ким Џонг-ун на тестирање на борбени беспилотни летала- повикува на развој на вештачка интелигенција

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на борбени беспилотни летала и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА.
Експертите проценуваат дека таквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина.
„Тој тест јасно ја покажа извонредната борбена ефикасност на тактичките борбени беспилотни летала на Пјонгјанг“, додаде агенцијата. За Ким Џонг-ун, овие авиони претставуваат висок приоритет и најважна задача во модернизацијата на севернокорејската армија.
Севернокорејскиот лидер, исто така, повика на брз развој на неодамна воведената технологија за вештачка интелигенција и проширување и зајакнување на капацитетот за масовно производство на беспилотни летала, додаде КЦНА. Државните медиуми го објавија развојот на борбени беспилотни летала минатата година.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ планира заем за Украина од замрзнатите руски средства и забрана за руски течен природен гас (ЛНГ) од 2027 година

Европската комисија планира да воведе забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) од 1 јануари 2027 година, што е една година порано од првично планираното, и би бил дел од 19-тиот пакет санкции против Москва.
Во исто време, Комисијата разгледува посебен „заем за репарација“ за Украина, кој би се обезбедил со користење на средствата од замрзнатите руски средства, објавува Ројтерс.
Според економскиот комесар Валдис Домбровскис, идејата е да се обезбеди финансиска поддршка за Украина во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ја намалува директната воена помош за Киев.
Околу 300 милијарди долари руски средства се блокирани во земјите од Групата седум (Г7), а најголемиот дел е во Белгија. Дел од овие средства веќе се конвертирани во готовина, според написите.
Предлогот предвидува Европската комисија да издава обврзници без купони, со гаранции од земјите-членки. Белгија, сепак, предупредува дека планот носи значителни ризици и бара тие да бидат поделени меѓу сите членки на Европската Унија.
Висината на заемот ќе биде одредена според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за потребите на Украина за следните две години. ММФ прогнозира дека финансиските потреби на Украина во периодот 2026-2027 година ќе бидат за 10 до 20 милијарди долари повисоки отколку што предвидува владата во Киев, пренесува Танјуг.
Додека Украина верува дека е доволно да се обезбедат 37,5 милијарди долари во следните две години, ММФ проценува дека бројката би можела да достигне до 57,5 милијарди долари, објави Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.