Контакт

Економија

Дали Македонија се наоѓа во економска криза?

Објавено пред

Анализа на ЦЕА: Светската економска криза и дилемите во Македонија

dobivaj vesti na viber

Од терапијата која ќе ја применат фискалната и монетарната власт ќе зависи дали вирусот ќе премине во грип или ќе поминеме само со кашлање и настинка. Меѓутоа, кај нас се јавува уште еден проблем: економијата ја лечат двајца доктори кои даваат различна дијагноза и со различен третман сакаат да ја оздрават економијата. Која дијагноза е исправна и кој третман е поповолен, останува времето да покажеПишува: Борче ТРЕНОВСКИПрашање кое е поставувано многупати, меѓутоа во последно време неговиот одговор е повеќе од јасен – Македонија се наоѓа во економска криза. Во почетокот постоеше дилема дали кај нас има криза, кога ќе нè погоди, дури се надевавме дека ќе нè одмине и ќе оствариме солиден економски раст. Меѓутоа, светската економија е како голем брод: ако на едната страна на бродот има дупка, целиот брод ќе се наполни со вода. Изјавите од типот: “Добро е, дупката е на другата страна од бродот” нè утешија, но само за кратко. Најновите прогнози на ММФ велат дека светскиот раст ќе премине во негативна зона и во 2009 г. светскиот БДП ќе се намали од 0,5% до 1%, што ни дава право веќе да зборуваме за светска економска криза, а не за светска финансиска криза. Последниот квартал од минатата година и изминатите три месеци од тековната година сведочат за ефектите од кризата врз нашата економија – Стапката на раст на БДП за 2008 г. е 5%, додека за четвртото тромесечје изнесува 2,1% во однос на истото 2007 г. Физичкиот обем на индустриско производство во последниот квартал на 2008 г. забележа пад од 7,6%, кој стана поинтензивен во првиот месец на 2009 г. и достигна 16,7%. Забави растот на потрошувачката на домаќинствата, каде што во последниот квартал на 2008 г. е забележан пад на вредноста на  прометот за 5,1%. Следствено на тоа, поради затегнатите кредитни услови (ригорозните услови за кредитирање и повисоките каматни стапки) и песимистичките очекувања за глобалната рецесија има забавување и на инвестиционата активност во приватниот сектор. Како резултат на тоа расте невработеноста – бројот на невработени само во февруари 2009 г. во однос на декември 2008 г. се зголемил за 2,3%. Стапката на инфлација исто така забавува, при што просечната и годишна инфлација во февруари изнесуваат 1,2% и 0,7%, соодветно. На овој начин се отвора магичниот круг на економските кризи – помала побарувачка, потешко доаѓање до кредити, помала инвестициона активност, помало производство, поголема невработеност, потешко исплаќање на своите обврски (кредити), проблеми со ликвидноста на банките итн. МБИ-10 во 2008 г. се намали за 73,3%. Во 2008 г. во надворешниот сектор е остварен досега највисок дефицит во тековната сметка од 12,7% од БДП (поголем за 5,5 процентни поени од претходната година). Во првите два месеца од годината извозот и увозот забележаа значително намалување од 36,8% и 16,6%, соодветно. Од овој краток преглед на ситуацијата во која се наоѓаме ни станува јасно дека нашата економија е инфицирана од светскиот вирус и дека ì е потребна соодветна терапија да се одржи на нозе. Од терапијата која ќе ја применат фискалната и монетарната власт ќе зависи дали вирусот ќе премине во грип или ќе поминеме само со кашлање и настинка. Меѓутоа, кај нас се јавува уште еден проблем, економијата ја лечат двајца доктори кои даваат различна дијагноза и со различен третман сакаат да ја оздрават економијата. Која дијагноза е исправна и кој третман е поповолен, останува времето да покаже.ШТО ПРЕЗЕМА, А ШТО ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕ ВЛАДАТАВладата во моментот кога сфати дека светската економска криза нема да ја одмине нашата земја, следејќи го примерот на другите земји кои беа во истата “каша” донесе пакет-мерки за излез од кризата. Земјите кои беа погодени од кризата обично своите пакети-мерки ги насочуваа кон зголемување на потрошувачката од страна на населението, поддршка за реалниот сектор, мерки за одржување на нивото на вработеност, олеснување на добивањето кредити итн. Пакетот за излез од кризата нашата Влада го донесе кон крајот на декември 2008 г., неговата вредност беше проценета на 330 милиони евра и содржеше мерки со кои се отпишуваа обврски како и определени даночни олеснувања. Меѓутоа, како што одминува времето, станува јасно дека сетот мерки донесен од Владата треба да се освежи, од една страна поради скромните резултати кои ги дава, а од друга поради неговото влијание претежно на компаниите кои и пред кризата се наоѓаа во лоша состојба. Јасно е дека голем дел од светските економии во моментот своите пакети за излез од кризата ги базираат на експанзивна  фискална политика, меѓутоа околностите во кои се наоѓа нашата економија ни налага да бидеме внимателни кога чекориме во таа насока. Владата веќе проектираше буџетски дефицит од 2,8% кој вклучува развоен дел, се најавува инвестициона програма тешка 8 милијарди евра (2009-2016 г.), нови субвенции во земјоделството, здравствено осигурување за сите итн. Меѓутоа, исто така станува јасно дека поради намалената активност во економијата, приходите во буџетот ќе бидат помали, а буџетскиот дефицит поголем од 2,8%. Во таа насока во скоро време најверојатно ќе мора да се склучи нов аранжман со ММФ кој од една страна ќе обезбеди финансиска поддршка, а од друга “меко” ограничување на капиталните трошоци и “цврста” контрола на тековните трошења во буџетот. Во таа насока новите мерки кои ќе ги носи Владата треба да содржат: мерки за финансиска и стручна поддршка на малите и средни бизниси, субвенционирање на каматите за кредити во загрозените сектори, давање гаранции за кредити во загрозените сектори, мерки за зголемување на нивото на вработеност, промовирање и агресивна потрага по СДИ итн. Меѓутоа, тука се јавува уште еден проблем – експанзивната политика која ја води Владата во услови на финансиска криза се судира со режимот на фиксен девизен курс, бранет од НБРМ. Наддавањето од страна на НБРМ и Владата за слободните парични средства преку издавање благајнички и државни записи е огледало на координацијата и соработката меѓу носителите на економската политика кај нас. Водењето на некоординирана политика меѓу фискалната и монетарната власт е недопустливо во време на финансиска криза. Владата издава државни записи за да го полни буџетот и да троши, додека НБРМ издава благајнички записи за да ја задржи стабилноста на девизниот курс. Владата има економски, социјални и политички цели, додека НБРМ има цел да одржува стабилно ниво на цени во економијата. Од тука јасно се гледа дека различните цели можат да бидат контрадикторни, меѓутоа Владата и НБРМ мораат да најдат компромисно решение, зашто секој погрешен потег ќе биде на штета на граѓаните, економијата и нашата иднина.ДАЛИ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ ДО ДЕВАЛВАЦИЈА НА ДЕНАРОТ?Тоа е едно од најексплоатираните прашања (дилеми) од сите медиуми, што предизвикува психолошки ефекти и стимулира реакции од граѓаните на девизниот пазар. Во ова време на економска криза има некои околности и услови кои нè наведуваат на такво размислување и го оправдуваат ваквото решение, кое претставува нож со две острици: се намалуваат приливите од извоз (поради намалените цени на светските пазари и намалената побарувачка од нашите трговски партнери, во првите 2 месеци извозот забележа значително годишно намалување 36,8%); има сè помалку странски директни инвестиции поради тоа што инвеститорите во ова турбулентно време се повнимателни каде го ги инвестираат својот капитал, а некои од нив се соочуваат со финансиски проблеми и во “своите домови” (пад на годишно ниво од 19%); глобалната финансиска нестабилност и недостигот од ликвидност условија продажба на хартии од вредност од страна на странските инвеститори, како сопственички така и должнички (во јануари 2009 г. учеството на странските инвеститори на страната на купувањата изнесува 41,45%  на продажбата 71,44%); трговскиот дефицит во периодот јануари-ноември 2008 г. бележи зголемување за 2,8 пати во однос на истиот период лани; од друга страна, стапката на покриеност на трговскиот дефицит со приватни трансфери од 91,4% во периодот јануари-ноември 2007 г. е намалена на 55,9% во однос на истиот период лани. Овие информации нè наведуваат да размислуваме во насока дека девалвацијата е решението кое би ги подобрило перформансите на нашата економија и би нè транспортирало преку кризата без да го допреме врелиот асфалт. Меѓутоа, пред да се одлучиме дали да ја девалвираме нашата валута, да ги разгледаме аргументите кои постојат за и против девалвацијата. Ефекти кои би ги постигнале доколку девалвира нашата валута: нема повеќе да имаме намалување на девизните резерви за одбрана на девизниот курс (кои 01.01 до 20.03.2009 г. на нето-основа се намалиле за 181 милион евра); ќе се дестимулира увозот; ќе се зголеми производството – пред сè на извозните компании; со тоа ќе се зголеми извозот, што понатаму би водело до намалување на трговскиот дефицит (ова е дискутабилно). Меѓутоа, од другата страна на вагата да ги ставиме негативните ефекти кои би следеле по девалвирање на нашата валута која долго време ја брани нашата стабилност: во увозно зависна земја како Македонија девалвацијата ќе го поскапи увозот и ќе ја поттикне инфлацијата; ќе се зголемат трошоците и неизвесноста на голем број домашни фирми кои се увозно зависни; ќе биде погоден стандардот на работниците во секторите каде што платите се ригидни; ќе има нарушување на макроекономската стабилност (барем во почетокот); не треба де се занемари и ефектот кој би го имала девалвацијата на ликвидноста и способноста на населението и претпријатијата (па следствено и врз ликвидноста на банките) за враќање на кредитите кон банките, кои обично се деноминирани во денари меѓутоа со девизна клаузула; дополнителен проблем претставува и нето-задолженоста на домашната економија кон странство итн. Доколку го имаме предвид сето она што е погоре кажано, треба да бидеме особено внимателни кога треба да дадеме одговор на прашањето – дали е време за девалвација? Дури и самата дискусија (психолошкиот ефект) и сомнежот кој го предизвикува ова прашање (некои сè уште не го заборавиле вкусот на девалвацијата од 1997 г.), влијае на нашите постапки и врши притисокот врз девизниот курс. Вадењето на аргументите за и против девалвацијата, земајќи ги предвид и другите околности во кои се наоѓаме нè води до заклучокот дека барем во догледно време, нема потреба од девалвација и дека доколку би ја девалвирале нашата валута, ефектите би биле повеќе негативни отколку позитивни. Народната банка води внимателна и транспарентна монетарна политика (гувернерот изјави дека до последен момент ќе го брани сегашниот курс), има доволно девизни резерви и способност да го одбрани сидрото на нашата стабилност. ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРИФАЌАЊЕТО НА ЕВРОТО?Ова прашање (дилема) се поставува со таква леснотија што многу луѓе даваат и едноставен одговор – да го прифатиме еврото, па тоа ќе ги реши сите наши проблеми. Во ситуацијата во која се наоѓаме секое решение ни изгледа логично и секоја алтернатива поволна. Меѓутоа ова прашање, како и прашањето за девалвацијата влече со себе низа други дилеми и проблеми кои треба да се анализираат и пред поставување на прашањето. Пред да дадеме одговор на ова прашање, да ги разгледаме позитивните и негативните страни на оваа одлука. Што би постигнале доколку го прифатиме еврото: би се елиминирал ризикот од девизен курс; би се зголемила размената со странство; следствено на тоа би се зголемил и приливот на странски директни инвестиции; каматните стапки ќе паднат и ќе конвергираат кон оние на евро-зоната; падот на каматните стапки би требало да ги зголеми инвестициите и производството. Негативните ефекти од  прифаќање на еврото (политички и економски): Политички – доколку го прифатиме еднострано (зашто во блиска иднина нема друг начин) еврото би го навлекле гневот на Европската Унија која се противи на таквата практика. Ние сме земја-кандидат за влез во Европската Унија, според тоа таквата одлука би била една црна дамка во нашето досие и би имала натаму негативни реперкусии врз преговорите за влез во Унијата. Ние најдобро знаеме дека понекогаш политичките фактори се посилни од економските и имаат пресудно влијание врз постапките кои се преземаат; Економски – треба да имаме економска структура и животен стандард близок до оној во Европската Унија, во спротивно неизбежни се големи дисторзии со кои ќе се соочи нашата економија. Нашата економија ја нема потребната мобилност на работната сила и капиталот, недоволна е диверзификација на производството и извозот, недоволен е степенот на развиеност на финансиските пазари и скромно е нивото на развиеност и потенцијалот за растеж. Доколку се прифати еврото, монетарната политика ќе ја изгуби својата автономија (која преминува во рацете на Европската централна банка) и можноста да делува како кредитор во крајна инстанца за загрозените финансиски институции – што во време на глобална финансиска криза е од исклучителна важност. Дополнителен проблем кој би се појавил е курсот на денарот (по кој би се извршила конверзијата), кој треба да биде урамнотежен за да немаме проблеми со конкурентноста на увозот и извозот. Од анализата за и против воведување на еврото јасно се гледа дека и покрај позитивните ефекти кои би следеле од едностраното воведување на еврото (посебно денес, во време на глобална економска криза), нашата земја сè уште е далеку и не е подготвена да го прифати еврото, во прв план поради наведените економски причини, а да не ги спомнуваме политичките фактори кои се непремостливи.ШТО ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕ НБМ СО ЦЕЛ ДА СЕ УБЛАЖИ УДАРОТ ОД КРИЗАТА? Карактеристиките на нашата економија и негативните искуства кои ги имавме нè водат до заклучокот дека стабилниот девизен курс на денарот има огромно значење за ценовната стабилност и позитивните очекувања на економските субјекти во врска со макроекономскиот амбиент. Минатата година НБРМ имаше многу работа – во првите три квартали ја затегна монетарната политика за да се справи со инфлацијата предизвикана од порастот на цените на храната и нафтата на светските пазари; во последниот квартал од минатата година и во текот на последните 2 месеца води рестриктивна монетарна политика (задолжителен депозит, мерки на внимателно работење на банките, повисока стапка на благајничките записи) за да се справи со светската економска криза, која затропа и на нашите порти. Драматичниот пад на побарувачката за нашите извозни производи, растот на платите и пензиите, високата буџетска потрошувачка, негативните очекувања за стабилноста на девизниот курс, почнаа да ги нагризуваат девизните резерви и да вршат притисок на девизниот курс. За одржување на рамнотежата на девизниот пазар НБРМ во последниот квартал на минатата година продаде на нето-основа девизи во износ од 163,3 милиони евра, а во периодот од 01.01 до 20.03.2009 г. исто така на нето-основа 181 милион евра. Монетарната политика која ја води НБРМ е повеќе внимателна, отколку рестриктивна. НБРМ веќе одбра патека која ќе ја следи сè додека не излеземе од кризата – тоа е бранење на стабилноста на девизниот курс со сите мерки и инструменти кои ì стојат на располагање. Во таа насока е и последното покачување на каматната стапка на благајничките записи на рекордно ниво од 9% насочено кон стабилизирање на девизниот пазар, одржување на девизните резерви на соодветно ниво и продолжување на политиката на стабилен девизен курс. Алтернатива на тоа би било полиберална монетарна политика – пониска каматна стапка на благајничките записи и отстранување на ограничувањата на банките за кредитен раст. Алтернативата во тековните услови (веќе наведени погоре) сигурно би водела кон зголемување на агрегатната побарувачка, зголемување на цените, зголемување на трговскиот дефицит, големо намалување на девизните резерви и неминовно до девалвација. НБРМ е ставена меѓу чеканот и наковалната, експанзивната фискална политика која ја води Владата за излез од кризата врши притисок врз стабилноста на девизниот курс и  остава две опции на НБРМ – рестриктивна монетарна политика на една страна и ослободување на девизниот курс од друга. Според тоа, земајќи предвид дека девалвацијата не е алтернатива ни за НБРМ, ни за Македонија (од низа причини за кои веќе зборувавме), не останува алтернатива за монетарната политика на НБРМ, освен политиката која веќе ја спроведува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Објавено пред

Од

Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите. Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции. Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка? Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата обвинија дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оставила земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.

„Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени. Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери. Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

Објавено пред

Од

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.

„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.

Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.

„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.

„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Поскап бензин од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија3 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија7 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија8 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија10 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија11 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ12 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија12 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура14 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа15 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет15 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа15 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа16 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет16 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...