Свет
Арапите и муслиманите во САД страхуваат од одмазда

Арапи и муслимани во САД стравуваат напади, откако воениот психијатар од арапско потекло уби 13 војници во воената база Форт Худ во Тексас, пренесува Reuters
Според последните сведочења на очевидци мајорот др. Нидал Малик Хасан, при отворањето на оганот врз војниците во тексашката база Форт Худ, извикал „Алах акбар“! (Бог е голем).Тој е роден во САД, а неговите родители се палестински имигранти.Хасан пишува агенцијата, со четири прострелни рани бил во кома. Според лекарите, раните се сериозни и не се знае дали ќе преживее. Мотивите за нападот се уште не се познати, но полицијата го проверува неговото живеалиште, компјутерот и личните предмети.Според американските аналитичари, во известувањето на медиумите од масакрот во американската воена база премногу била истакнувана етничката припадност и религијата на напаѓачот. Ендру Грант Томас од Институтот за расни и етнички истражувања во Охајо вели дека некои политичари го злоупотребуваат случајот за да ги рашират стравовите од исламскиот екстремизам.Во саботата претставници на арапски и муслимански заедници во САД тврдат дека страхуваат од одмазднички напади, и покрај тоа што портпаролот на Министерството за правда изјави дека нема информации за такви инциденти по нападот. Овие зедници во САД го осудија нападот и изразија сочувства до семејствата на убиените и ранетите. Тие истакнаа дека не постои политичка или религиозна идеологија којашто оправдува вакво насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025