Македонија
Стартува проектот „Бесплатни учебници” во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода го поддржа владиниот проект со кој во услови на светска економска криза значително ќе се помогне и олесни семејниот буџет на сите родители на учениците, во пресрет на новата учебна година
Од денес општината Кисела Вода, во соработка со Владата на Република Македонија, го реализира проектот „Бесплатни учебници” за учениците од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода. За таа цел, Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, донесе решение за формирање на Комисија за примопредавање на учабниците, во која членуваат претставници од општината и директорите на основните училишта во општина Кисела Вода. Членовите на комисијата од денеска работат во просториите на основното училиште „Кирил Пејчинович”, каде првично се донесени учебниците од издавачките куќи и од каде истите потоа ќе се дистрибуираат до сите основни училишта во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите
Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа на 36 место, што е за две места подобор од 38 место претходната година.
„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се наведува во извештајот на Репортери без граници.
Репортери без граници ја издвојува Аргентина под новиот претседател Хавиер Милеи, која падна за 26 места, од 40 на 66 место и пишува за „спектакуларната мимикрија на руските репресивни методи“ низ Источна Европа и Централна Азија, вклучително и во Србија, каде што „провладините медиуми емитуваа Руска пропаганда, а властите им се закануваат на руските новинари во егзил“.
Индексот на слободата на медиумите и натаму го предводи Норвешка, потоа Данска и Шведска, а најлоша е ситуацијата во Еритреја, која го презеде дното на листата од Северна Кореја. Меѓу најлошите десет се и Кина, Иран, Авганистан и Сирија, пишува агенцијата Франс прес.
И Босна и Херцеговина падна многу на овогодинешната листа и сега е на 81 место, Србија е уште полошо, на 98 место, Црна Гора е на 40, Хрватска на 48 место, а Словенија на 42. Од земјите на ЕУ, послаб индекс на слободата на медиумите имаат Романија, Бугарија, Кипар и Грција, која според овој критериум е на 88-то место, најлош во Унијата.
Албанија е на 99 место, а Косово на 75, според извештајот.
Македонија
„Повторен обид на Министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза – хируршки клиники по принципот „клуч на рака“, вели Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.
Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.
Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.
Ова е целосно неосновано.
Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).
Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки – Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката)“, се наведува во статусот на фејсбук на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече Стојаноска
„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е“, порача Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово.
„На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада. Гласајте за професори а не за криминалци“, кажа Стојаноска.