Спорт
ОИ хронологија: Лос Анџелес 1984
Донесуваме краток преглед на настаните од 23-те олимписки игри, одржани во Лос Анџелес, во периодот од 28. јули до 12. август 1984 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 6829 (1566 жени и 5263 мажи)- земји учеснички: 140- број на спортови: 23- број на дисциплини: 221Претседателот на САД Роналд Реган ги отворил Игрите, кои биле бојкотирани од страна на земјите од источниот блок, предводени од СССР. Овие земји единствено не ги следела Романија, чии спортисти биле дел од 23-те ОИ. Овој потег на Романија се покажал како правилен, оваа земја на крајот завршила како втора според бројот на освоени медали. Спортскиот собир во ЛА бил следен од дотогаш рекорден број на новинари, 9190 (4327 од печатени и 4863 од електронски медиуми). Домашниот спринтер Карл Луис бил вистински херој на ОИ, тој успеал да го израмни рекордот на Џеси Овенс од ОИ во Берлин во 1936 година. Како и својот славен сонародник, Луис освоил златни медали на трките на 100 и 200 метри, во скок во далечина и во штафетата 4×100 метри. Луис во својата олимписка кариера има освоено вкупно девет медали, подвиг кој до тој момент го оствариле само Паво Нурми, Марк Шпиц и Лариса Латинина. Исто така тој е еден од тројцата атлетичари кои три пати по ред победувал во една иста дисциплина, во скок во далечина го освојувал златните медали во ЛА 1984, Сеул 1988 и Барселона 1992 година. На Игрите во ЛА започнало и неговото големо ривалство со канадскиот спринтер Бен Џонсон, кој на таа олимпијада го освоил третото место. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

